Свет
(Видео) Сателит сними песок од Сахара над Атлантикот
Сателит го снимил сахарскиот песок како минува преку Атлантскиот Океан. На видеото може да се забележи како сахарскиот песок минува над Атлантикот, а во соопштението што го испрати американската национална океанска и атмосферска администрација се посочува дека покрај видеото, од сателитот добиле и низа фотографии.
Она што го посочија како поважно беше дека и од видеото и од фотографиите можело да се забележи дека инструментите регистрирале и големи количини песок од Сахара кои се движат кон Европа, односно насочени биле кон Шпанија и Португалија.
Сахара е најголемата пустина во светот, а како што обајвуваат дел од медиумите, според тврдењата на научниците, нејзиниот песок често го напушта своето живеалиште, и поради силните ветрови тој често завршува на Атлантикот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

