Свет
(Видео) Сајбертрак на „Тесла“ удри во ѕид во Америка и се запали, тројца патници загинале на самото место

Сајберкамион на „Тесла“ вчера удрил во бетонски ѕид и се запалил нешто по 3 часот по полноќ во Пиемонт, Калифорнија. Тројца од четворицата патници во автомобилот загинале на самото место.
Еден патник е спасен и хоспитализиран. Полицискиот капетан Крис Монахан рече дека сајберкамионот прескокнал преку рабникот, удрил во бетонски ѕид и потоа се заглавил меѓу ѕидот и дрвото“.
3 killed, one hurt in fiery crash of @Tesla Cybertruck at King & Hampton in Piedmont, per @piedmontcagov PD. @CHPoakland also on scene. Man in 2nd vehicle following Cybertruck pulled surviving victim out. Cybertruck automatically alerted 911 after wreck pic.twitter.com/rErm11HjUx
— Henry K. Lee (@henrykleeKTVU) November 27, 2024
Сајбертракот испратил автоматско предупредување до полицијата во 3.08 часот, а таа во исто време добила пријава од очевидци.
Тие пристигнале на местото на настанот и го затекнале возилото во пламен.
A Tesla Cybertruck crashed in Piedmont this morning, burst into flames, and three victims died inside. Friends said the victims were ’23 Piedmont High School grads who were enrolled in college and returned home for Thanksgiving.
Story: https://t.co/JQDgn94Hdm pic.twitter.com/PeJ5pa5bCR— Amy Larson (@AmyLarson25) November 28, 2024
Човекот што возел зад сајбертракот успеал да го спаси единствениот преживеан патник од запаленото возило.
Имињата, возраста и полот на жртвите сè уште не се објавени, а полицијата соопшти дека преживеаниот е во стабилна состојба.
Полицијата сè уште не утврди што ги предизвикало несреќата и пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин
Свет
Аналена Бербок ја презеде функцијата претседател на Генералното собрание на ОН

Поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, официјално ја презеде функцијата претседател на Генералното собрание на Обединетите нации во вторникот.
Таа положи заклетва во Обединетите нации во Њујорк.
Бербок (44) ја презеде функцијата од својот претходник, Филемон Јанг, поранешен премиер на Камерун, на почетокот на 80-тата сесија на Генералното собрание во Њујорк.
„Се радувам на соработката со вашиот наследник, новоизбраниот претседател Бербок, додека продолжуваме да бараме глобални решенија за глобалните проблеми“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Избрана и покрај руското противење
Бербок беше избрана на функцијата во јуни со огромно мнозинство, и покрај руското противење на нејзината кандидатура.
Политичарката од Зелената партија, која беше министерка за надворешни работи на Германија до мај, е само петтата жена што ја извршува оваа функција.
Позицијата е во голема мера церемонијална по природа и не треба да се меша со улогата на генералниот секретар на ОН.
Како претседател, Бербок ќе претседава со седниците на Генералното собрание и ќе помага во утврдувањето на дневниот ред и деловникот за состаноците.
фото: принтскрин