Свет
(Видео) Североисточниот дел на САД е погоден од снежна бура, откажани летови, затворени патишта
Историска снежна бура ги затвори патиштата, воведе забрана за возење и откажа летови една недела пред „Денот на благодарноста“.
Екстремните снежни врнежи резултираат со нулта видливост, многу тешко до невозможно патување, оштетување на инфраструктурата и може да ги парализираат најтешко погодените заедници, соопшти Центарот за временска прогноза.
Orchard Park, home of the @BuffaloBills, has seen 66 inches of snow in the last 24 hours!
This is the highest 24-hour snow total ever recorded in New York state.
📸: @BuffaloBills pic.twitter.com/0TA75yr8M9
— Colin McCarthy (@US_Stormwatch) November 19, 2022
Посебно е погодена метрополитенската област Бафало, а некои области јужно од градското подрачје се под снежна покривка од околу 1,5 метар, пренесува Ројтерс.
Според американската Национална метеоролошка служба, предградието Орчард Парк, каде НФЛ клубот Бафало Билс ги игра своите натпревари, од утрово е покриено со 196 сантиметри снег.
Lake-effect snowstorm paralyses Buffalo, bury cars #SnowStorm #Blizzard #Snow #Buffallo #NewYork #NYwx #LakeEffect #Thundersnow #LakesErie #Ontario #Viral #Weather #Climate pic.twitter.com/Gk01466CVd
— Earth42morrow (@Earth42morrow) November 19, 2022
Како што снежните врнежи се интензивираа, двајца жители на округот Ири починаа од срцеви компликации поврзани со лопатата и расчистувањето.
Зимските временски предупредувања се уште се во сила за над шест милиони луѓе во шест држави – Висконсин, Мичиген, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Њујорк, јавува Си-Ен-Ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

