Свет
(Видео) Се запали училиштен автобус на Тајланд, најмалку 25 загинати
Се стравува дека загинале околу 25 луѓе на Тајланд кога училиштен автобус со ученици и наставници на екскурзија се запалил во предградие на главниот град Бангкок, при што 16 патници се хоспитализирани, соопшти владата.
Полицијата не можеше веднаш да го потврди бројот на повредени или загинати, но министерот за внатрешни работи, Анутин Чарнвиракул, изјави за новинарите дека се верува оти загинале 25 лица, без да даде детали.
#BREAKING 🇹🇭A bus carrying dozens of primary school children crashed and caught fire just outside Bangkok, Thailand.
Sixteen children and three teachers reportedly escaped, but 22 pupils and three teachers are still unaccounted for, according to the transport minister.… pic.twitter.com/JoK7qiP0vs
— 凤凰欧洲 PhoenixCNE News (@PhoenixCNE_News) October 1, 2024
Шеснаесет ученици и тројца наставници се пренесени во болница, изјави министерот за транспорт, Сурија Хуангроонгруангкит, додавајќи дека причината за инцидентот сè уште се истражува.
My Heartfelt Prayers for the Students who lost life in this tragic #BusFire in Bangkok.🙏😥
Bus carrying 44 students and teachers on a school trip caught fire with 25 feared de@d#Thailand #bus #fire #emergency #BREAKING #schoolbus #FireAccident #INDvsBANTEST #Govinda #BANGKOK pic.twitter.com/aH2Nj7wlrj— Manisha Yadav (@Manisha9781) October 1, 2024
На првите снимки објавени на социјалните мрежи, пренесени од локалните медиуми, се гледа како густ сив чад се издига од автобусот, чии делови сè уште гореле. Пожарот подоцна бил изгаснат.
Премиерот Паетонгтарн Шинаватра рече дека учениците тргнале на екскурзија.
„Како мајка, би сакала да изразам најдлабоко сочувство до семејствата“, рече таа во објавата на X.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на парастосот во Храмот „Свети Сава“ во спомен на 16-те жртви кои загинаа при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
„Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија. Шеснаесет животи беа изгубени. Денеска за секој од нив палиме свеќа, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и спомени ќе останат засекогаш во нашите срца,“ напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој додаде дека во вакви моменти најважно е Србија да остане достоинствена и обединета:
„Без тешки зборови и поделби, во тишина да упатиме молитва за загинатите. Нека нивните имиња бидат потсетник дека човечкиот живот е над секоја поделба,“ порача Вучиќ, изразувајќи сочувство до семејствата на настраданите.
Регион
(Видео) Десетици илјади луѓе им оддадоа почит на жртвите на железничката станица во Нови Сад
Десетици илјади луѓе се собраа во Нови Сад, Србија за да им оддадат почит на оние што загинаа кога се урна кровот на железничката станица пред точно една година.
Во 11:25 часот по локално време – моментот кога се случи инцидентот во вториот по големина град во Србија – учесниците на комеморативниот собир одржаа молк кој траеше 16 минути, по една минута за секоја од 16-те жртви.
NOVI SAD ❤️🩹
01.11.2025. pic.twitter.com/MTSRNb4YAx
— Shonetin (@kaonikotinn) November 1, 2025
Српските студенти – главните иницијатори на протестите кои бараат правда за одговорните за инцидентите нагласија дека ова е мирен собир и ги повикаа оние кои сакаат да се приклучат да дојдат без свирежи или транспаренти и да почитуваат тишина. Луѓето се собраа на сите главни патишта, плоштади, пазари, како и во студентскиот град.
Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.
Регион
Годишнина од трагедијата во Нови Сад кога настрешницата на железничката станица падна и уби 16 лица
Денес се навршува точно една година од ужасната трагедија на главната железничка станица во Нови Сад, кога настрешницата падна и уби 16 лица.
Падот на настрешницата се случи во 11:52 часот наутро, над главниот влез на станицата. Официјалните податоци од српското Министерство за внатрешни работи покажуваат дека 14 лица загинале на лице место, вклучувајќи 3 деца, додека уште две лица починале подоцна во болница од повредите.
Членовите на спасувачките служби од речиси цела Србија тој ден неуморно ги расчистуваа урнатините во потрага по преживеани. Сведоците и спасувачите потоа ги опишаа сцените како морничави со вресоци и паника под урнатините. Најтешкиот дел беше извлекувањето на жртвите, особено децата.
Денот по трагедијата, 2 ноември 2024 година, во Србија беше прогласен Ден на жалост. Во Нови Сад беше прогласен тридневен период на жалост, кој го потпиша градоначалникот Милан Ѓуриќ.

