Свет
(Видео) Се отвори дупка во базен, загина едно лице
Маж се удави откако го проголта дупка што се отвори под базен.
Клил Кими (32) починал откако го вшмукал вител на дното од базенот во вилата што неговата маркетинг компанија ја изнајмила за забава во градот Кармеи Јосеф во централниот дел на Израел, пренесува британски Телеграф.
Еден од присутните на забавата рекол дека дупката се појавила наеднаш, додека околу базенот имало околу 50 луѓе.
„Нивото на водата наеднаш почна да опаѓа и се отвори огромна дупка, што предизвика вртлог кој вовлече две лица“, изјави еден од очевидците.
Брачен пар на околу 60-тина години, на чиј имот се одржала забавата, е уапсен под сомнение дека од небрежност предизвикале смрт.
На видеото снимено во моментот на несреќата се гледа како водата од базенот, како и бројните играчки на надувување, одеднаш исчезнуваат низ дупка што се отворила на дното на базенот.
Човекот кој накратко бил заглавен во дупката избегал со полесни повреди, но телото на Кими било пронајдено само неколку часа подоцна на дното на тунелот долг 15 метри што се отворил под базенот.
Дупката најверојатно се отворила поради лошата градба, а не поради геолошките карактеристики, изјави професорот Шмуел Марко од одделот за геофизика на Универзитетот во Тел Авив, пренесуваат светските агенции.
תיעוד: ניסיונות הירידה לבור שנפער בבריכה, בחיפוש אחר הנעדר@daniel_elazar pic.twitter.com/0JzxKvtATr
— כאן חדשות (@kann_news) July 21, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.