Европа
(Видео) Силен ветер занесе авион како да е играчка – патниците мислиле дека тоа им се последните мигови

Авион на „Бритиш ервејс“, што во понеделникот патувал од Лондон до Гибралтар, поради силен ветер, не можел да слета на меѓународниот аеродром во Гибралтар, објави Би-би-си.
Пилотот на летот „BA492“ поради тоа одлучил да го пренасочи авионот кон Малага.
Патникот Илај Хасет за Би-би-си опишал како се чувствувал кога силните ветришта го занеле авионот.
„Почнав да се молам. Размислував за моите деца и за мојата сопруга. Верував дека ќе се урнеме во Гибралтар“, рече тој.
„Пред да слетаме капетанот ги предупреди патниците да се врзат и рече дека би можеле да имаме непријатно слетување. Само неколку секунди подоцна, авионот се навали за 45 степени“, рекол Хасет.
Авионот на крајот слетал на аеродром во шпанскиот град Малага.
„Авионот безбедно слета и сите патници неповредени го напуштија леталото. Во ниту еден момент немаше опасност по нивната безбедност“, напишале во соопштение од „Бритиш ервејс“.
@GibChronicle @RockRadio @GBCNewsroom this is the original version…. apologies for the swearing. pic.twitter.com/F7wtmwtVqi
— MackeminGib (@mackemsin) February 25, 2019
Снимка од авионот што се бори против силните ветришта направил Ричард Вали.
„Работам во пристаништето. Беше затворено поради ветрот, па затоа останав во мојата канцеларија. Слушнав силна бучава од мотори и погледнав надвор. Тогаш го здогледав авионот како се лула на небото“, изјавил Вали за Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.