Свет
(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин Јакобсдотир за „Вашингтон пост“.
Јакобсдотир зборуваше за влијанието на пандемијата врз туризмот, кога нејзината куќа почна да се тресе, што видно ја потресе премиерката на Исланд, пренесува Си-ен-ен.
„Извинете, само што имаше земјотрес“, рече Јакобсдотир.
Our Prime Minister @katrinjak response to an earthquake M5.6 live on @washingtonpost was fantastic. Calm, surprised but casual. “This is Iceland” ??#earthquake #Iceland pic.twitter.com/DPea2NMlEr
— Áslaug Arna Sigurbjörnsdóttir (@aslaugarna) October 20, 2020
Набрзо потоа се насмеа и додаде:„Па, ова е Исланд“.
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала вчера погоди област на 10 километри југозападно од Хафнарфјордур, крајбрежен град во близина на главниот град Рејкјавик, соопшти Геолошкиот топографски институт на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Папата помина мирна ноќ во болница, вчера дури можеше малку и да работи, извести Ватикан

Папата Франциско, кој речиси три недели е во болница со билатерална пневмонија, помина уште една мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан. 88-годишниот папа, беше примен во римската болница Гемели на 14 февруари со тешка респираторна инфекција која бара постојан третман.
Ватикан вчера соопшти дека неговата состојба останала стабилна тој ден, што му овозможило малку да работи и да ја зголеми физиотерапијата за дишење и мобилност. Се додава дека тој немал никакви респираторни кризи, кои се случиле претходните денови.
Франциско не е виден во јавноста откако влезе во болница, што е негово најдолго отсуство откако ја презеде функцијата пред 12 години. Неговите лекари не кажаа колку долго може да трае третманот.
Папата во последните две години во неколку наврати страдаше од лоша здравствена состојба и е склон на белодробни инфекции бидејќи како млад имал плеврит и му бил отстранет дел од едното белодробно крило. Двојната пневмонија е сериозна инфекција која може да остави лузни, што го отежнува дишењето.
Свет
Се урна зграда во Бари, продолжува потрага по исчезната жена

Акцијата за пребарување продолжи во текот на ноќта по една жена која беше пријавена за исчезната при уривање на петкатница во италијанскиот град Бари во средата доцна попладне, соопштија денеска спасувачките служби.
Во операцијата учествуваат пожарникари, персонал за спасување на планина, безбедносни сили и персонал за цивилна заштита, јавува Анса.
Жената, идентификувана како 74-годишната Росалија Де Гиоза, родена во Бари, не ја напушти зградата откако жителите беа иселени минатата година кога властите го прогласија објектот за небезбеден.
Свет
Захарова: Макрон секој ден дава изјави кои немаат врска со реалноста

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за Русија и францускиот нуклеарен арсенал „не се во согласност со реалноста“ и се во спротивност со неговите претходни позиции.
„Секој ден дава изјави кои немаат врска со реалноста и кои се во спротивност со неговите претходни изјави. Каков раскажувач“, рече Захарова, додавајќи дека Макрон ја потсетува на ликот од бајката „Оле Лукоја“ на Ханс Кристијан Андерсен, кој носи два чадори и ги отвора над децата кои спијат.
Захарова направи паралела меѓу тој лик и идејата на Макрон за „нуклеарен чадор“ што Франција ќе и го понуди на Европа.