Европа
(Видео) Силното невреме и поројниот дожд предизвикаа хаос на улиците во Милано

Невремето и поројниот дожд предизвикаа поплави во Милано и проблеми во сообраќајот, јавуваат италијанските медиуми.
Поројните дождови предизвикаа излевање на реката Севесо, неколку подвозници беа поплавени и сообраќајот беше нарушен, пренесува агенцијата „Анса“.
„Кориере дела сера“ наведува дека пожарникарите им помагале на луѓето што биле заглавени во автомобилите во поплавената област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Британија воведува режим против нелегалната миграција: „Прв од ваков вид во светот“

Велика Британија воведе нов режим на санкции насочени против бандите за шверц на луѓе и нивните помагачи, во она што владата го нарекува прв таков потег во светот.
Велика Британија ќе може да замрзнува средства, да воведува забрани за патување и да го блокира пристапот до финансискиот систем на земјата за поединци и субјекти вклучени во олеснување на нелегалната миграција, без да се потпира на кривични или антитерористички закони.
Режимот на санкции претходно беше претставен во јануари од страна на министерот за надворешни работи Дејвид Лами. Владата на Велика Британија изјави дека ќе додаде нови овластувања на Законот за граници, безбедност, азил и имиграција, кој сè уште не е донесен.
Лабуристичката влада на премиерот Кир Стармер е под притисок да го исполни своето ветување за запирање на протокот на десетици илјади луѓе во Велика Британија преку Ламанш во мали чамци.
„Предолго време, криминалните банди неказнето ги полнеа своите корумпирани џебови и ги експлоатираа надежите на ранливите луѓе додека ја поттикнуваа нелегалната миграција во Велика Британија“, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами во соопштението. „Затоа Велика Британија создаде режим на санкции прв во светот насочен кон бандите вклучени во шверц на луѓе и олеснување на нелегалната миграција, како и кон нивните помагачи“, додаде тој.
Владата соопшти дека мерките ќе бидат насочени кон оние кои снабдуваат чамци на шверцери, набавуваат лажни документи и обезбедуваат финансиски услуги на мрежите за шверц.
Стармер неодамна преговараше со Франција и Германија за да помогне во спречувањето на пристигнувањето на мали чамци додека се обидува да го запре подемот на десничарската популистичка партија Реформа на Велика Британија, предводена од Најџел Фараж.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Автобус со рудари излета во 25-метарска провалија во Русија: 13 мртви, 20 повредени

13 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус што превезувал рудари паднал во провалија во далечната источна руска република Јакутија, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила околу 3:20 часот наутро во недела кон понеделникот, кога возачот ја изгубил контролата врз автобусот, кој паднал во клисура длабока 25 метри.
Фотографиите објавени од локалното Министерство за внатрешни работи покажуваат дека автобусот е превртен покрај каллива локва со вода. Друга фотографија ја покажува оштетената метална ограда покрај патот над местото на несреќата.
Несреќата се случила на индустрискиот пат што води до рударскиот и преработувачкиот погон Денисовка, специјализиран за екстракција и производство на јаглен.
Рускиот истражен комитет, кој истражува сериозни кривични дела, соопшти дека отворил кривична истрага за можна небрежност. Властите го прогласија вторник за ден на жалост во регионот.
Фото: принтскрин
Европа
Романски пилот преживеал авионска несреќа, загинал неколку часа подоцна во друга

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион загина во друга во Романија.
Уривањето на малиот авион ICP Savannah S се случи вчера околу 19 часот во општина Јуриловца на брегот на Црното Море во Романија кратко по полетувањето.
Загинатиот 54-годишен пилот имал искуство од повеќе од 200 часа летаље, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион кога летал со својот 18-годишен син.
Нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата останале неповредени.
Тие повикале други пилоти да ги пренесат од местото на несреќата и отпатувале со посебни авиони, од кои едниот се урна, објави романската „Про ТВ“.
Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.
Фото: принтскрин