Европа
(Видео) Словачкиот огранок на моторџиите блиски до Путин изгледа како воена база
„Ноќните волци“ се руски моторџиски клуб близок до Владимир Путин, кој некои критичари го сметаат за паравоена организација. Тие основаа свој огранок и во Словачка, земја членка на ЕУ и НАТО.
Седиштето на огранокот, лоцирано во словачкото село Долна Крупа, на 70 километри од Братислава, изгледа како воена база. Имено, во него се поставени стари тенкови и друга воена опрема, што предизвикало тревога во земјата.
Тесната врска меѓу Кремљ и „Ноќните волци“ исто така може да се согледа во фактот дека руската влада ја нарече оваа база „европски центар“, пренесуваа Би-би-си.
Озлогласените моторџии се под санкции на САД, под обвинение за учество во војната во Украина на страната на руските сепаратисти во провинцијата Донбас, на границата со Украина и Русија.
Според Би-би-си, оваа „база“ е изградена на приватен имот на Јозеф Хамбалек, лидер на словачката националистичка група NV Europa. Претходно, на истото место имало свињарска фарма.
Хамбалек тврди дека воените возила се таму бидејќи има намера да отвори музеј посветен на Втората светска војна, со посебен акцент на советските единици кои користеле мотоцикли. Хамбалек минатата недела им се заканил на новинари од Радио Слободна Европа (Radio Free Europe/Radio Liberty), медиум финансиран од американската влада, кои дошле на имотот, дека ќе отиде да ја земе својата пушка.
Словачкиот претседател, Андреј Киска, во една изјава ги нарече „Ноќните волци“ сериозен ризик за безбедноста и алатка на режимот кој е вклучен во окупација на соседните земји, со тоа осврнувајќи се на окупацијата на Донбас и анексијата на украинскиот полуостров Крим.
Од словачкото Министерство за надворешни работи, за Би-би-си изјавиле дека активностите на овој наводен клуб ќе бидат внимателно следени.
„Сметаме дека влијанието на нивните членови е штетно, особено во ширењето мислења преку кои имаат намера да ја променат историјата“, рекле од Министерството, притоа појаснувајќи дека со тоа мислат на пропагандата оти „Крим е руски и секогаш ќе биде руски, дека Сталин бил херој, дека НАТО е криминална организација“ итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

