Свет
(Видео) Снимена блиска средба меѓу нуркачка и веројатно најголемата бела ајкула во светот
Во близина на хавајскиот остров Оаху нуркачи кои се занимаваат со проучување ајкули забележале директна средба со бела ајкула, за која се верува дека е најголемата досега снимена со камера.
Двајцата истражувачи ја искористиле оваа ситуација со цел да покренат иницијатива за закон што би ги заштитил ајкулите во сојузната американска држава Хаваи, објави агенцијата АП.
Конзерваторката и истражувач Оушн Ремзи за агенцијата АП изјави дека во вторникот имала средба со голема бела ајкула долга шест метри, на место каде што имало труп на мртов кит, во близина на хавајскиот остров Оаху.
Настанот го фотографирал и на социјалните мрежи го објавил нејзиниот свршеник и деловен партнер Хуан Олифант.
Олифант изјавил дека не е сигурен дали станува збор за познатата ајкула наречена „Големото синило“ (Deep Blue), за која се верува дека е најголемата бела ајкула што некогаш била снимена.
Ремзи, која со Олифант води компанија за нуркање и истражување на морските длабочини, вели дека бараат донесување закон за забрана на убивање ајкули и раи во Хаваи и се надеваат дека истиот ќе стапи на сила годинава, пренесува американската агенција.
Таа додава дека фотографиите и снимките на кои се гледа како плива со големата бела ајкула докажуваат оти овие предатори треба да бидат заштитени и дека луѓето не треба да се плашат.
Оушн Ремзи, се разбира, не им препорачува на луѓето да пливаат во близина на ајкули и наведува дека за тоа е потребен долг тренинг и проучување на однесувањето на овие животни, што всушност е една од главните дејности на нејзината компанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар во рафинерија за нафта во Хавана
Пожар вчера избувна во рафинеријата за нафта „Нико Лопез“ во Хавана, што ќе ја влоши кризата со гориво во Куба, предизвикана од ембаргото на САД.
Најголемата рафинерија е сместена во пристаништето во Хавана, каде пред два дена пристигнаа два мексикански бродови со повеќе од 800 тони хуманитарна помош.
Сè уште е непознато дали огнот ги зафатил резервоарите за складирање на нафта.
Куба уште од 1962 година е под американско ембарго, поради што земјата е во економска криза, а се соочува со прекини во снабдувањето со електрична енергија, недостиг на гориво, лекови и храна. Ситуација се вложи откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе фи стопира сите испораки на нафта за Куба и ќе воведе царини за секоја држава која ќе испорача нафта за Хавана.
Со приведувањето на поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга од страна на американските сили, Куба го изгуби најважниот сојузник и најголемиот извор на нафта. Повеќе недели на Куба не пристигнал ниту еден танкер со нафта.
Поради кризата со гориво затворени се универзитети, училиштата работат со скратено време, редуциран е јавниот транспорт и е ограничена продажбата на гориво. Исто така и болниците работат со намален персонал.
Трамп минатиот месец изјави дека Куба се движи кон пропаст и ја повика Хавана да склучи договор „пред да биде предоцна“. Тој сака промена на кубанскиот режим.
Обединети нации синоќа изразија загриженост поради кризата на Куба.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.

