Контакт

Свет

(Видео) Снимен моментот кога Израелците го нападнаа Либан

Објавено пред

Политичкото раководство во Тел Авив во ноќта меѓу понеделникот и вторникот донело одлука израелската копнена армија да влезе во Либан во операција која, како што велат, е временски и обемно ограничена и нема намера да го окупира јужен Либан.

dobivaj vesti na viber

Операцијата „Северна стрела“ беше одобрена од безбедносниот кабинет, а израелската армија синоќа почна, како што тврдат, „локализирани и насочени напади“ врз цели на Хезболах во јужен Либан.

Објавено е видео од самиот почеток на влегувањето на ИДФ во Либан.

Целите се наоѓаат во селата во близина на границата и „претставуваат непосредна закана за израелските заедници во северен Израел“, се додава во соопштението на ИДФ.

Свет

ИДФ: Хезболах планираше да ги искористи куќите за напад што ќе личeше на 7 октомври минатата година

Објавено пред

Портпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари денеска изјави дека милитантната група Хезболах планира да користи куќи во селата во јужен Либан како база за напад што би наликувал на нападот на милитантната група Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

dobivaj vesti na viber

„Хезболах ги претвори либанските села до израелските села во воени бази“, рече Хагари, како што пренесува „Тајмс оф Израел“.

Хагари изјави дека Хезболах планира „напад врз Израел, врз израелските заедници и масакр на невини мажи, жени и деца.

Тие го нарекоа тој план „Освојување на Галилеја“.

Прикажи повеќе...

Свет

Руте: Земјите на НАТО треба да ги зголемат одбранбените распределби, Украина останува приоритет

Објавено пред

Земјите на НАТО треба да ги зголемат одбранбените распределби, а трансатлантските врски во алијансата треба да бидат „цврсти“, изјави денеска Марк Руте, новиот генерален секретар на НАТО.

dobivaj vesti na viber

За време на заедничката конференција со Јенс Столтенберг, кого го наследува како генерален секретар на НАТО, Руте додаде дека Украина останува приоритет на алијансата, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека не е загрижен за исходот на изборите во САД, бидејќи, како што наведе, ќе соработува со кој било кандидат.

Руте истакна дека едвај чека да го започне мандатот како генерален секретар на НАТО и му се заблагодари на Столтенберг за неговиот придонес при извршувањето на оваа функција.

Во Брисел денеска започна предавањето на должностите на местото генерален секретар на НАТО, во кое Јенс Столтенберг, еден од најдолговечните функционери во алијансата, ќе го наследи поранешниот холандски премиер Марк Руте, во време кога НАТО се соочува со некои од најголемите предизвици во нејзината историја, пренесува Танјуг.

Столтенберг, 13-тиот генерален секретар на НАТО, ја презеде функцијата во 2014 година, а должината на неговиот мандат го надмина само холандскиот дипломат Јозеф Лунс, кој помина 13 години на чело на НАТО.

Воениот комитет на НАТО вчера официјално се прости од Столтенберг, а заменик-претседателот на Воениот комитет, генерал-полковник Ендру М. Роулинг го пофали неговото „демократско лидерство и духот на сила и единство што им го донесе на сојузничките сили“.

Во својот говор, Столтенберг се заблагодари за „напорот и соработката во изминатите 10 години“ и истакна дека „НАТО сега е поголем, посилен и поподготвен од кога било да се соочи со каков било предизвик“, како и дека „издржливоста и силата на НАТО што ја прават не зависат од поединци, туку од колективот“.

Руте ќе стане 14-ти генерален секретар во историјата на НАТО.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Се запали училишен автобус во Тајланд, најмалку 25 загинати

Објавено пред

Се стравува дека загинале околу 25 луѓе во Тајланд кога училишен автобус со ученици и наставници на екскурзија се запалил во предградие на главниот град Бангкок, при што 16 патници се хоспитализирани, соопшти владата.

dobivaj vesti na viber

Полицијата не можеше веднаш да го потврди бројот на повредени или загинати, но министерот за внатрешни работи Анутин Чарнвиракул изјави за новинарите дека се верува дека загинале 25 лица, без да даде детали.

Шеснаесет ученици и тројца наставници се пренесени во болница, изјави министерот за транспорт Сурија Хуангроонгруангкит, додавајќи дека причината за инцидентот се уште се истражува.

На првите снимки објавени на социјалните мрежи, пренесени од локалните медиуми, се гледа како густ сив чад се излева од автобусот, чии делови сè уште гореле. Пожарот подоцна бил изгаснат.

Премиерот Паетонгтарн Шинаватра рече дека учениците отишле на екскурзија.

„Како мајка, би сакала да изразам најдлабоко сочувство до семејствата“, рече таа во објавата на X.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ60 минути

(Видео) Кривична пријава за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет3 часа

(Видео) Американците објавија снимка од пресретнувањето на руските авиони, за малку ќе дојдеше до несреќа

Северноамериканската воздушна и вселенска одбранбена команда (НОРАД) објави видео од ескадрила ловци пресретнувачи Ф-16Ц, кои доживеаја инцидент на небото во...

Македонија3 часа

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2.500 денари

Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на...

Свет5 часа

(Видео) Тројца загинати, 15 повредени во напад со нож во Шангај

Три лица загинаа, а 15 се повредени во напад со нож во супермаркет во Шангај вчера, јави државната новинска агенција...

Свет5 часа

(Видео) Нападната американската воена база во Багдад

Неколку ракети Какуша беа истрелани ноќеска врз воена база во која се сместени американските сили во близина на меѓународниот аеродром...

Свет5 часа

Израелците го нападнаа главниот град на Сирија; Државната телевизија: Убиена е наша водителка

Тројца цивили загинаа, а девет се ранети во израелски напад врз главниот град Дамаск, објавија рано утринава државните медиуми, повикувајќи...

Македонија5 часа

Земјотрес со јачина 3,2 почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија23 часа

Застарува затворската казна за Груевски за набавката за „мерцедесот“

Експремиерот Никола Груевски се спаси од затворската казна за случајот „Тенк“ бидејќи на 4 октомври поминуваат шест години од правосилната...

Македонија23 часа

МВР жестоко ќе одговори на секој обид за дестабилизација, за Тошковски – подгревањето на меѓуетничките тензии е реалност на која работаат службите

Обидите за подгревање на меѓуетничките тензии се реалност за која надлежните служби проследуваат соодветни информации, рече денес министерот за внатрешни...

Топ24 часа

Ужасен улов во Вардар: рибар од Тетово, наместо риба, извлекол торба со мини

Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен и морничав настан вчера додека бил на риболов. Според информациите од полицијата, тој...

Македонија24 часа

Се соочивме со деструктивна опозиција, имаа осум години за балансерот, Законот за јазиците, а сега ја злоупотребуваат судската власт : Меџити за првите сто дена Влада

Демократско правило е првите сто дена да ѝ се дадат на новата власт да ги постави луѓето и да почне...

Македонија1 ден

Во јавните набавки има корупција, која е последица на политичките интереси, во цените има големи разлики, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите...

Македонија1 ден

Без знаци на живот утрово пронајдена планинарка, извести ЦУК

Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик...

Свет1 ден

Путин: „Ќе ги постигнеме сите цели, вистината е на наша страна“

Рускиот претседател Владимир Путин им ја честиташе на Русите годишнината од обединувањето на ЛДПР, Керсон и Запорожје. „Диктатурата во Киев...

Македонија1 ден

„Поминаа 24 часа, СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече будали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече „будали“. СДС упорно продолжува да...

Свет1 ден

Празни улици и страв кај граѓаните на Бејрут: по бомбардирањето, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште

По израелското бомбардирање минатиот викенд, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште. Многумина ја поминаа...

Европа1 ден

(Видео) Украина: Русите утрово го нападнаа Киев со дронови, сите ги соборивме

Русија рано утринава изврши неколку напади со беспилотни летала врз Киев, а единиците за противвоздушна одбрана успешно го бранат градот,...

Европа1 ден

Нови детали за смртта на Алексеј Навални: се појавија тајни документи

Рускиот портал „Инсајдер“, кој е на списокот на странски агенти, денеска објави стотина документи што содржат информации поврзани со смртта...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот предизвика катастрофални поплави во Америка, најмалку 90 загинати

Ураганот Хелен, кој на крајот на минатата недела ги опустоши југоисточните сојузни држави на САД, предизвика катастрофални поплави од Флорида...

Европа2 дена

(Видео) Избори во Австрија: крајната десница на прагот на победа, но никој нема да се приклучи на владата со неа

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата е на пат да победи на изборите. Според проекциите на резултатите, партијата предводена од Херберт...