Свет
(Видео) Снимка од евакуацијата на патниците по судирот на возови во Чешка: слушнале страшен звук, а многу бргу и силен удар
По стравотниот судар на возови, во кој четири лица го загубија животот, а најмалку 23 се повредени, во градот Пардубице во Чешка, чешките железници соопштија дека сообраќајот кон Моравија ќе биде подолг период во прекин.
На видеото објавено од чешката полиција и од железницата се гледа евакуација на луѓето од урнатиот воз доцна во ноќта.
V Pardubicích došlo ke srážce osobního a nákladního vlaku. Na místě aktuálně probíhá zásah všech složek IZS, byl vyhlášen traumaplán, na místě je velké množství zraněných, nemůžeme vyloučit ani mrtvé. #policiepak pic.twitter.com/P4EHlAAYQD
— Policie ČR (@PolicieCZ) June 5, 2024
Според сведочењето на патниците, некои морало да го скршат прозорецот за да избегаат, а сите слушнале многу силен удар, кој набргу го почувствувале на своја кожа.
Пожарникарите ги извлекле патниците од возот, неповредените ги евакуирале во паркирани автобуси, а потоа во зградата на станицата, каде што за нив била подготвена помош од психолог.
Успеале да го откријат идентитетот на сите патници, кои биле повеќе од 300 во возот RegioJet, кој тргнал за Словачка.
Чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан, изјави дека несреќата се случила доцна во средата околу 23 часот во градот Пардубице, на 100-ина километри од Прага и дека никој од повредените не е во животна опасност, пренесе АП.
Еден од патниците на експресниот воз, Мартин Бујњак, за ЧТК изјави дека почувствувал голем удар и дека ногата му е повредена. Од возот излегол сам, пожарникарите првин се обиделе да ги задржат патниците во вагоните бидејќи така било најбезбедено.
„Благодарен сум што сум жив“, рече тој.
Полицаецот Роман Мрквичка, кој беше меѓу првите на местото на несреќата, за новинарите изјави дека го изненадила апсолутната тишина.
Во стравотниот судир учествувале патнички и товарен воз со дури 300 патници во двете шински возила, а несреќата се случила околу 23 часот во градот Пардубице во Чешка, пренесува Blesk.cz.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

