Свет
(Видео) Спасувачка акција: Деветгодишно девојче во прегратка го држи својот брат меѓу урнатините во Сирија

На социјалните мрежи не престануваат да се шират емотивни снимки и фотографии од хоророт што им се случи на илјадници луѓе по катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.
This broke my heart. She’s just 9 and holding his brother like she’s so Mature in this worst condition. May Allah protect them Aameen. 💔😭#BreakingNews #UltimaHora #Earthquake #Terremoto #deprem #TURKIYE #Turquia #Turquie
#Turkey#turkeyearthquake2023#TurkeySyriaEarthquake pic.twitter.com/V6xT5NbFLY— Areesh अरीश اریش❤️❤️❤️ (@Areesh4727) February 7, 2023
На една од таквите снимки, во сирискиот град Алепо, може да се види 9 годишно девојче меѓу урнатини како во прегратка го држи својот помал брат во обид да го заштити. Спасувачите се обидуваат да го охрабрат девојчето, кое тивко им одговара на нивните прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Единаесет дена по разорниот земјотрес во Мјанмар, тлото не се смирува: регистрирани 98 последователни потреси

Во текот на 11-те дена од 28 март, кога Мјанмар беше погоден од катастрофален земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер, земјата ја потресоа 98 последователни потреси, соопштија денеска властите.
Според метеоролошката и хидролошката служба на Мјанмар, новите земјотреси биле со јачина од 2,8 до 7,5 степени, објави новинската агенција Ксинхуа.
Бројот на жртвите од првичниот земјотрес се искачи на 3.600, 5.017 лица се повредени, а 160 се уште се водат како исчезнати, соопшти информативниот тим на Управниот совет на Мјанмар.
Свет
(Видео) Почина 99-годишна нацистичка „секретарка на злото“

Почина Ирмгард Фурхнер (99), поранешна секретарка во концентрациониот логор Штутхоф за време на нацистичката ера.
Според портпаролот на канцеларијата на државниот обвинител во Ицехо, Фурхнер починала на 14-ти јануари.
Таканаречената „секретарка на злото“ се најде во меѓународното внимание во 2022 година, кога германскиот суд ја прогласи за виновна за нејзината улога во убиството на повеќе од 10.000 луѓе за време на Втората светска војна.
Фурхнер била во доцните тинејџерски години кога работела како стенограф кај командантот на Штутхоф. Поради нејзината возраст во моментот на делото, ѝ судеше судот за малолетници, со што ѝ беше осудена условна затворска казна од две години.
Адвокатот тврдеше дека обвинителите не успеале да докажат дека таа знаела за убиствата во логорот.
Но, пред две години Фурхнер беше прогласена за виновна за нејзината улога во убиството на 10.505 луѓе во концентрациониот логор Штутхоф, кој се наоѓа во денешна Полска.
Германските медиуми ја опишаа пресудата како веројатно последна пресуда за учесниците во нацистичката машина на смртта, бидејќи повеќето од инволвираните починале или не се способни да им се суди поради нивната напредна возраст.
Нејзиниот адвокат тврдеше дека обвинителите не успеале да докажат дека таа знаела за убиствата во логорот, но германскиот суд во градот Лајпциг го отфрли тој аргумент.
„Нашиот аргумент беше дека административната поддршка на масовно убиство е еднакво на помагање и поттикнување убиство“, рече Томас Вил, обвинител кој ја предводи Германската Централна канцеларија за истрага на нацистичките злосторства.
Се проценува дека 100.000 луѓе биле депортирани во логорот Штутхоф за време на војната. Кампот бил опкружен со наелектризирани бодликави жици, а условите биле брутални. Многу затвореници умреле од епидемија на тифус, додека оние што чуварите ги сметале за премногу слаби или болни за да работат, биле убиени, објави Скај њуз.
Свет
(Видео) Се активираше вулкан на Филипините, пепелта се издигна на околу 4.000 метри: постои ризик од опасна ерупција

Продолжува ерупцијата на вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините, а колоната од пепел се издигна на околу 4.000 метри височина, соопшти националната сеизмолошка агенција.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Фиволкс) соопшти дека третото ниво на тревога останува во сила за областа околу планината Канлаон, објави Ројтерс.
Ниво 3, на скала од 5, значи дека постои зголемен ризик од текови на лава и ризик од опасна ерупција во следните неколку недели.
Планината Канлаон, активен вулкан лоциран помеѓу провинциите Негрос Оксидентал и Негрос Ориентал во централниот дел на Филипините, е еден од дваесетте активни вулкани во земјата.