Свет
(Видео) Спектакуларно бегство од затвор на колумбиска политичарка
Првата колумбиска политичарка осудена на затворска казна поради купување гласови во вторникот побегнала од затвор, откако ` била дозволена посета на стоматолог, пренесе британски „Телеграф“.
Аида Мерлано (43) успеала да избега низ прозорецот на стоматолошката ординација во Богота, откако со црвено јаже се спуштила на улицата и побегнала со мотоцикл. Нејзиното бегство е регистрирано од надзорни камери.
Очигледно е дека сè било добро испланирано, затоа што едно лице на мотоцикл ја чекаше затвореничката на задната страна од ординацијата. Пред да се оддалечат, поранешната пратеничка внимателно стави кацига на главата.
Од затворот известиле дека истрагата е во тек и нудат награда од 50 милиони колумбиски пезоси (околу 13.000 евра) за информации за тоа каде би можела да се наоѓа Мерлано.
Аида Мерлано минатиот месец беше осудена на 15 години затвор поради купување гласови на парламентарните избори во 2018 година.
Не е познато зошто ` било дозволено да оди на стоматолог, бидејќи краткотраен престој надвор од затворот обично се дозволува само во исклучително итни ситуации.
За истиот ден било закажано сослушување на кое требало да се разгледаат можностите за намалување на затворската казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

