Европа
(Видео) Стотици мигранти заглавени на турско-грчката граница
Повеќе стотици мигранти се насобрани на границата меѓу Турција и Грција, во близина ан контролниот пункт Кастијанс, во очекување да им биде дозволено да ја поминат границата. Медиумите јавуваат дека грчката полиција употребила солзавец притив миграните кои сакале да ја минат граничната линија.
Околу 500 мигранти се обиделе да влезат во Грција кога Анкара ја намали контролата, односно одлучи веќе да не ги запира бегалците од Сирија, кои по копно и море се обидуваат да стигнат во Европа.

По најавите од турска страна дека ќе ги отвори границите за бегалците и мигрантите да стигнат до Европа, грчките медиуми објавија дека луѓето со автобуси биле носени кон границата на Турција и Грција, а насобрани бегалци и мигранти имало и на турското крајбрежје, подготвени да се качат на бродови и чамци за да стигнат на некој од грчките острови.
Претходно грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис свика вонреден состанок поради ситуацијата со мигрантите и бегалците од Турција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку „Твитер“ порача дека земјата нема да толерира никакви нелегални влегувања.

„Владата ќе стори сè што е потребно за да ги заштити своите граници“, рече владиниот портпарол Стелиос Пецас пред новинарите. Во изминатите 24 часа, рече тој, грчките власти спречиле обиди на 4.000 луѓе да преминат во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

