Свет
(Видео) Судење на американски специјалец: Убивав по тројца луѓе дневно во Ирак
Во случајот на американски војник, припадник на специјалните единици, кој е обвинет за воени злосотрства за време на борбите во Ирак против Исламската држава, се појавија нови детали.
Маринецот Едвард Галагер е обвинет дека убил повеќе ирачки цивили и воени затвореници, а како јавува „Лос Анџелес тајмс“, дури седум маринци добиле имунитет од прогон во замена за сведочење против својот колега. Галагер, кој бил главен оператор на специјалното војување, што значи дека ја предводел единицата, е обвинет дека убил веќе ранет 16-годишен милитант на Исламската држава додека болничарите се обидувале да го спасат, и тоа со нож го избол во вратот.
Обвинителите, покрај седумтемина маринци, ќе повикаат и 13 дополнителни сведоци на ова убиство, кое се случило во мај 2017 година во ирачкиот град Мосул, каде што со месеци се водеа жестоки борби меѓу ИД и ирачката војска, која имаше поддршка од меѓународната коалиција предводена од САД.
Адвокатите на одбраната побарале од судијата на воениот суд, морнаричкиот капетан Арон Руга, да ги изземе аспектите на сведочењата поврзани со бројот на луѓе за кои Галагер се фалел дека ги убил во Ирак.
Како што пренесува „Лос Анџелес тајмс“, сведоците им рекле на истражителите дека Галагер се фалел оти убивал и до 200 луѓе за време на борбите во Ирак во 2017 година. Еден сведок рекол дека Галагер му се пофалил дека убил тројца луѓе и дека може да го пресмета вкупниот број луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

