Свет
(Видео) Судир на танкери во Црното Море, едниот се преполови по ударот
Двa танкери „Волгоњефт 212“ и „Волгоњефт 239“ се судрија во Црното Море поради невреме, поради што се излеале нафтени деривати, соопшти Руската Федерална агенција за поморски и внатрешен воден транспорт. Најмалку едно лице загина, пренесуваат руските медиуми.
„Денеска како последица на невремето во Црното Море се судрија две танкери „Волгоњефт 212“ и „Волгоњефт 239“. На бродовите имало 15 и 14 членови на екипажот. Како последица на несреќата во морето се излеале нафтени деривати“, се наведува во соопштението.
2 vessels Volgoneft-212 and Volgoneft-239 declared emergency and sinking in Kerch strait. 13 crew members on each, rescue operation is ongoing https://t.co/BFMbl0BUc8 pic.twitter.com/CdM49ZtnOh
— Liveuamap (@Liveuamap) December 15, 2024
Почина еден од морнарите евакуирани од танкерот „Волгоњефт 212“, соопшти Министерството за вонредни состојби на својот канал Телеграм.
2 vessels Volgoneft-212 and Volgoneft-239 declared emergency and sinking in Kerch strait. 13 crew members on each, rescue operation is ongoing https://t.co/BFMbl0BUc8 pic.twitter.com/CdM49ZtnOh
— Liveuamap (@Liveuamap) December 15, 2024
Во соопштението се додава дека е започната спасувачка акција. На местото на несреќата се испратени два брода и два хеликоптери, а во тек е евакуацијата.
Additional video pic.twitter.com/yIdvK1iMZH
— Liveuamap (@Liveuamap) December 15, 2024
На снимката од несреќата може да се види како едниот танкер се преполови.
Two Russian tankers carrying fuel oil — Volgoneft-212 and Volgoneft-239 — are sinking in the Kerch Strait. pic.twitter.com/XjeUlj1i8N
— NEXTA (@nexta_tv) December 15, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
СЗО отпушта една четвртина од персоналот
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нејзиниот персонал ќе се намали за околу една четвртина, или околу 2.300 работни места, до средината на следната година, објави Ројтерс.
Дупката во буџетот на организацијата за 2026-2027 година е нешто над 1 милијарда долари.
Намалувањата ќе бидат резултат на реформи, како и пензионирања и заминувања на персоналот, кои се наметнати поради повлекувањето на најголемиот донатор на организацијата – САД, кои покриваат околу 18 отсто од финансирањето.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја повлече земјата од СЗО по преземањето на функцијата во јануари, потсетува агенцијата.
Свет
Макрон: Европа одбива да биде технолошки вазал на САД и Кина
Европа одбива да биде технолошки вазал на САД и Кина, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон, повикувајќи ја да го развие својот технолошки суверенитет.
„Да бидеме јасни, Европа не сака да биде клиент на големи претприемачи или големи решенија презентирани од САД и Кина. Сакаме да ги развиеме нашите сопствени решенија“, рече Макрон во Берлин, на француско-германскиот самит за технолошкиот суверенитет на Европа.
Европа „едноставно одбива да биде вазал“, нагласи тој, со оглед на тоа што значително заостанува во технолошкиот сектор, особено во трката за развој на вештачката интелигенција.
„На краток рок, постои цена ако не се биде вазал бидејќи треба повторно да се инвестира“, рече тој, оценувајќи дека ова трошење е клучно и дека Европејците мора „да донесат многу смели одлуки“.
Меѓу тие одлуки, „прв приоритет“ е „европската преференција“, особено во областа на јавните набавки, со цел да се овозможи развој на технолошките „шампиони“ во Европа, рече францускиот претседател.
„Кинезите имаат кинеска ексклузивност колку што е можно повеќе, а Американците имаат многу силна американска преференција. Само што ние никогаш немаме европска преференција, згора на тоа, понекогаш дури сме фасцинирани од неевропски решенија“.
Свет
Конгресот гласаше за објавување на досиејата за Епштајн – 427 гласови за, 1 против
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денес речиси едногласно гласаше за закон со кој се наредува Министерството за правда да ги објави сите документи за осудениот сексуален предатор Џефри Епштајн.
Иницијативата почна уште во јули, кога мала двопартиска група пратеници започна петиција за заобиколување на претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, кој контролираше кои закони се ставаат на гласање. На почетокот, нивните шанси изгледаа мали, особено откако претседателот Трамп ја нарече целата работа измама и ги повика своите поддржувачи да ја игнорираат.
Сепак, обидите на Трамп и Џонсон да го спречат гласањето на крајот не успеаја. Соочен со зголемена поддршка за законот, претседателот попушти, па дури и објави дека ќе го потпише доколку помине во Сенатот.
Законот беше усвоен со убедливи 427 гласови „за“ и само еден „против“. Единствениот пратеник кој се спротивстави беше Клеј Хигинс, републиканец од Луизијана и страствен поддржувач на Трамп. Интересно е што Хигинс претседава и со поткомисијата која веќе ги побара досиејата на Епштајн од Министерството за правда.
Гласањето е јасен показател за зголемениот притисок врз политичарите и администрацијата на Трамп конечно да одговорат на долгогодишните јавни барања за транспарентност во случајот Епштајн.
Џефри Епштајн беше моќен финансиер со бројни врски, а си го одзеде животот во 2019 година во затвор на Менхетен, каде што чекаше судење по сериозни обвиненија за сексуална злоупотреба и трговија со малолетници.

