Свет
(Видео) Сцени како од Чернобил: Можеа да знаат дека вулканот ќе избувне
Туристичкиот водич Хајден Маршал-Иман беше прв идентификуван како жртва на ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд, природна непогода во која загинаа шест лица, а осум се водат како исчезнати.
Идентитетот на Хајден го потврди брат му Марк Инман, кој рече дека починал правејќи го она што го сакал. Другиот загинат е турист од Малезија.
Goodnight my friend. Terribly sad news, you really were one of nature’s kindest souls. Sleep well ❤️ #hayden #ycamp #youwillbemissedbymany Tour guide named as first victim of White Island volcano eruption https://t.co/OMl0n4iK8s
— Abby Fox-Greenwood (@abbyfgreenwood) December 9, 2019
Во меѓувреме, социјалните мрежи се полни со прашања зошто на туристите им било дозволено дури и да го посетуваат островот познат и како Вакаари кога вулканот избувна во понеделникот во 2.11 часот по локално време, при што во воздухот се кренале пепел и пареа.
Checked photo timestamps. Last photo from me standing on the land was 13:49; this first photo of the eruption was 14:12, about a minute or two into the eruption. pic.twitter.com/hyqQuO4vNq
— Michael Schade (@sch) December 9, 2019
„Боже мој, вулканот на белиот остров избувна денес првпат од 2001 година. Моето семејство и јас го напуштивме островот 20 минути порано. Чекавме да се качиме на бродот за назад кога видовме застрашувачка глетка“, рече еден турист, кој заедно со своето сведочење на „Твитер“ приложи и видео што го сними.
My god, White Island volcano in New Zealand erupted today for first time since 2001. My family and I had gotten off it 20 minutes before, were waiting at our boat about to leave when we saw it. Boat ride home tending to people our boat rescued was indescribable. #whiteisland pic.twitter.com/QJwWi12Tvt
— Michael Schade (@sch) December 9, 2019
„Тешко е да се верува воопшто дека целата наша туристичка група буквално стоеше на работ на главниот кратер, дури 30 минути пред ерупцијата“, рече сведокот со друго видео, оној пред ерупцијата.
Долгогодишниот болничар Русти Кларк бил во еден од спасувачките хеликоптери од Окланд испратени на белиот остров.
„Голем облак од пепел можеше да се види од далеку, сцената над вулканот личеше на Чернобил“, рече болничарот.
Од 47 туристи, 34 биле спасени од островот, а 31 останале во болницата. Некои од нив беа тешко повредени. Шестмина загинаа, а осум се водат како исчезнати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

