Свет
(Видео) Тајфун предизвика големи поплави во Кина, десетици загинати
Четиринаесет лица го загубија животот за време на викендот во кинескиот град Шулан поради поплавите предизвикани од тајфунот Доксури. Североисточна Кина, Пекинг и провинцијата Хебеј забележаа обилни врнежи и поплави кога тајфунот стигна на копно во јужната провинција Фуџијан пред две недели.
Покрај настраданите во Шулан, во североисточната провинција Џилин, минатата недела повеќе од 20 лица загинаа во Пекинг и Хебеј. Властите сè уште не го објавија вкупниот број на загинати во целата земја.
Меѓу оние што ги загубија животите во Шулан има и тројца службеници, меѓу кои и заменик-градоначалникот на градот со околу 587.000 жители, објавија државните медиуми.
Нивото на водата во градот се спушти на безбедно ниво и преземени се итни интервенции за преселување на жителите и поправка на инфраструктурата. Електричната енергија беше вратена во повеќе од 14.000 дома, објавија државните медиуми.
Регионалните власти соопштија дека делови од реката Сонгхуа, главна река во североисточна Кина, и притоката на Ненџијанг останале на опасно високи нивоа.
Исто така, вратена е струја во многу поплавени подрачја во Пекинг и во провинцијата Хебеј. Во тек се напори за обновување на струјата во североисточните провинции Џилин, Хејлонгџијанг и Лијаонинг, објави државната телевизија CCTV.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хелокоптерот во кој загина иранскиот претседател не емитувал никаков сигнал
Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран немал вкучено сигнален систем или не поседувал, изјави турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу им рече на новинарите дека провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал.
„Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем бидејќи ние сигурно ќе ги видиме тие сигнали, но немаше“, рече тој.
Регион
18-годишник е уапсен бидејќи го запалил хрватското знаме и го споделил на социјалните мрежи
Осумнаесетгодишник е уапсен во Славонија бидејќи на 1 мај го запалил хрватското знаме во шумата кај Трпија.
Како што дознала полицијата, тој тоа го снимил и го објавил на социјалните мрежи.
„На овој начин тој јавно го подложи знамето на Република Хрватска на потсмев и грубо омаловажување и на јавноста и стави на располагање видео од тој чин преку компјутерска мрежа, во кое повикува на насилство или омраза насочена кон група луѓе поради нивната национална или етничка припадност“, наведува полицијата во кривичната пријава.
Пријавата го товари младиот човек за јавно поттикнување насилство и омраза и нарушување на угледот на Република Хрватска. За овие злосторства му се заканува затворска казна до три години.
Од полицијата потврдија дека со решение на Жупанискиот суд во Вуковар, на 18-годишникот му е одредена мерка притвор.
Свет
Зеленски му го честиташе третиот премиерски мандат на Пленковиќ и му се заблагодари за поддршката на Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му го честиташе третиот мандат на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и изрази благодарност за постојаната поддршка од Украина.
Зеленски на социјалната мрежа Икс напиша дека разговарал со Пленковиќ, кому му се заблагодарил и го потврдил доаѓањето на мировниот самит во Швајцарија.
„Разговаравме и за поддршката на Хрватска за почеток на пристапните преговори на Украина со Европската унија, како и за можноста Хрватска да се приклучи на декларацијата на Г7 од Вилнус за поддршка на Украина“, напиша Зеленски.