Свет
(Видео) Тело пронајдено во тркалата на авионот по слетувањето на хавајскиот остров Мауи
Тело е пронајдено во просторот на тркалата на авион на „Јунајтед ерлајнс“ по слетувањето на хавајскиот остров Мауи, соопшти авиокомпанијата во средата.
Телото беше откриено во еден од одделите за слетување на авионот кога летот „Јунајтед 202“, кој полета од меѓународниот аеродром во Чикаго, слета на аеродромот „Кахулуи“ во вторникот попладне, според веб-страницата на авиокомпанијата.
Тие не соопштуваат детали за починатото лице.
Officials in Hawaii are investigating the mysterious discovery of a dead body found in the wheel well of a United Airlines plane, which flew from Chicago to Maui on Christmas Eve. pic.twitter.com/6nLLwjY53D
— CBS Evening News (@CBSEveningNews) December 25, 2024
„До просторот на тркалото можеше да се пристапи само однадвор. Во моментов не е јасно како и кога лицето пристапило до просторот на тркалата“, се наведува.
„Јунајтед“ соопшти дека соработува со властите во истрагата. Федералната управа за авијација не одговори веднаш на барањето на „Ројтерс“ за коментар.
Таканаречените слепи патници во тркалата и товарните простори на авионите може да се соочат со температури меѓу -50 и -60 Целзиусови степени, како и со недосиг на кислород.
Иако стапката на смртност за повеќето крадци е висока, некои луѓе го имаат преживеано искушението.
Едно лице беше пронајдено живо во долниот дел од авионот на алжирски превозник во Париз минатата година. Во јануари 2022 година во делот на тркалата под предниот дел на товарниот авион „карголукс“, кој пристигна од Африка на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, беше откриен жив човек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така
Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран и најави можни нови загуби.
„За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Тоа е така“, рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.
„Америка ќе се одмазди за нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои објавија војна, во основа, на цивилизацијата“, додаде тој во видео порака на социјалните мрежи.
President Donald J. Trump provides an update on Operation Epic Fury: pic.twitter.com/Vte8QKpISn
— The White House (@WhiteHouse) March 1, 2026
За потсетување, тројца американски војници беа убиени, а петмина беа тешко ранети, објави американската војска, зборувајќи за првите жртви во операциите против Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во нова видео порака изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран се „точни“ и „неопходни“ со цел да се елиминира „крволочниот терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.
„Овие неподносливи закани нема да продолжат“, рече Трамп.
Трамп рече дека САД спроведуваат „масовна операција, не само за да ја обезбедат безбедноста на нашето време и место, туку и на нашите деца и нивните деца“. Тој нагласи дека ова е „должност и товар на слободниот народ“.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на Икс. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос

