Свет
(Видео) Трамп: Го имаме осомничениот за убиството на Кирк, го препознал свештеник

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше гостин во ток-шоуто „Фокс и пријатели“ на „Фокс њуз“. Претседателот беше прашан дали има некакви вести за осомничениот за убиството на Чарли Кирк. Трамп одговори: „Мислам дека го имаме во притвор со висок степен на сигурност. Работите можат да се променат, но фактите се факти – го имаме лицето што го бараме“, рече Трамп. Осомничениот за убиството на Чарли Кирк има 28 или 29 години, рече Трамп.
BREAKING: President Trump on Charlie Kirk suspected assassin: "I think, with a high degree of certainty, we have him in custody." pic.twitter.com/wAAGegrrWI
— Fox News (@FoxNews) September 12, 2025
Тој не сакаше да открие за кого станува збор, но потврди дека ќе има нови информации во текот на денот. Додаде дека слушнал дека осомничениот бил уапсен „пет минути пред да влезам во студиото“ и дека „некој многу близок“ до осомничениот го известил осомничениот. Додаде дека станува збор за свештеник, кој го препознал осомничениот и отишол кај неговиот татко. „Таткото го уверил својот син. Отидоа во полициската станица и тој е сега таму“, рече Трамп.
Два извори рекоа дека уапсениот маж му признал на својот татко дека тој е стрелецот.
„Се надевам дека ќе добие смртна казна“
Тој ги пофали локалните власти, велејќи дека „одлично си ја завршиле работата, сите соработувале“. „Сè испадна добро“, рече тој. Додаде дека се надева дека убиецот на Кирк ќе добие смртна казна. „Кирк беше најдобрата личност и не го заслужуваше ова“, рече тој.
„Тој беше брилијантен човек кој ми помогна со „Tик-ток“, рече Трамп, додавајќи: „Никогаш не сум видел млади луѓе да се собираат околу една личност како што се собираа околу Чарли“.
Трамп рече дека не сака да го гледа видеото од пукањето, додавајќи дека не сака да се сеќава на Кирк на тој начин. Рече дека слушнал дека видеото е „ужасно“.
Подоцна во интервјуто, Трамп додаде дека гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, исто така, сигнализирал дека ќе бара најстрога казна за напаѓачот на Кирк. „Во Јута, тие имаат смртна казна, а таму имате многу добар гувернер“, рече Трамп. „Гувернерот, го запознав, гувернерот е многу цврст во врска со смртната казна во овој случај“.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина потврди напад врз најголемиот руски нафтен терминал на Балтикот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека специјалните единици на украинската служба за безбедност (СБУ) нанеле значителна штета на најголемиот руски нафтен терминал на Балтичкото Море во Приморск.
„Најефикасните санкции се пожарите во руските рафинерии и терминали. Го ограничивме рускиот нафтен сектор, а со тоа и нивната воена машина“, изјави Зеленски во своето вечерно обраќање.
Зеленски се заблагодари на украинските специјални сили за „одлично завршената работа“ и најави натамошно јакнење на домашното производство на оружје.
Нападот, кој се случи на 12 септември, резултираше со пожар во нафтенoто пристаниште Приморск, а според медиумските извештаи, оштетени се и два руски танкери.
Регион
Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување

Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево.
Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и бурни ветрови, пишува „Телеграф“.
Србија е под влијание на циклони и студени фронтови, кои носат посилна промена на времето, со дожд и грмежи.
Свет
Катар: Ќе продолжиме да се бориме за мир и покрај израелското дивјаштво

Катар остро го осуди најновиот израелски напад во Доха, при што загинаа шест лица, меѓу нив и катарски безбедносен функционер, но истовремено вети дека нема да се повлече од посредничките напори за прекин на војната во Газа.
„Израелското дивјачко однесување нема да нѐ поколеба да ги продолжиме искрените напори заедно со Египет и Соединетите Држави за ставање крај на овој војна“, изјави катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани на состанокот на високи дипломати од арапските и исламските земји во Доха.
Ал Тани предупреди дека нападот може да ги поткопа преговорите за примирје и ослободување на заложниците, кои со месеци се во ќор-сокак.
Во неделата во Доха се собраа министрите за надворешни работи на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИС) во пресрет на итниот самит што ќе се одржи во понеделник. Целта е усогласување заеднички став околу израелскиот напад врз Катар, кој предизвика глобална осуда и дури ретки критики од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Овој самит ја отсликува пошироката арапска и исламска солидарност со Катар во соочувањето со израелската кукавичка агресија“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ал-Ансари.
Според катарските медиуми, лидерите на самитот ќе разгледуваат неколку можности – од недвосмислена осуда на нападот и координиран дипломатски притисок врз Израел на меѓународните форуми, па сè до економски мерки што би можеле да прераснат и во бојкот.
Израел, според официјалните извори, целел врз лидерите на Хамас во егзил. Меѓу жртвите е и синот на Халил ал-Хаја, една од највлијателните личности на Хамас во странство, како и неговиот началник на штаб.
Хамас соопшти дека врвното раководство го преживеало обидот за атентат, но нападот остави сериозни последици врз регионалните дипломатски иницијативи и дополнително ја заостри кризата околу војната во Газа.