Свет
(Видео) Трамп го прекина Стармер на прес-конференција: „Доста е“
За време на заедничката прес-конференција во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп го прекина говорот на британскиот премиер, Кир Стармер. Инцидентот се случи додека Стармер одговараше на прашање за заканите на Трамп да ја направи Канада 51. американска држава.
Имено, Стармер бил прашан дали тој или кралот Чарлс III е загрижен за реториката на Трамп кон членката на Комонвелтот на крајот од посетата на Белата куќа, која вклучуваше повеќе состаноци на теми како трговијата и војната во Украина. Британскиот лидер рече дека темата за Канада не била спомната за време на тие разговори и се обидел да го истакне историското пријателство меѓу Обединетото Кралство и САД.
„Ја спомнавте Канада. Мислам дека се обидувате да најдете јаз меѓу нас кој не постои, ние сме меѓу најблиските нации и имавме одличен разговор денес…“. Трамп потоа нагло го прекина со зборовите: „доста е, благодарам“ и повика друг новинар.
Starmer: “You mentioned Canada,I think you’re trying to find a divide that doesn’t exist.”
Trump: “That’s enough.”
Trump seems tense around democratic leaders but perfectly comfortable with Xi, Putin, and Orbán. We all know why
pic.twitter.com/fp7ciWlrHN— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) February 27, 2025
Како одговор на прозивките кон Трамп на социјалните мрежи се јави еден од официјалните профили на Белата куќа. На профилот беше споделена снимка од далечен агол, на кое се гледа како американскиот лидер гледа во новинар додека го прекинува британскиот премиер.
President Trump cut off the reporter trying to goad the two leaders into division, you morons. https://t.co/ZZTicT10xY pic.twitter.com/LpvAVyglbz
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) February 27, 2025
„Претседателот Трамп го прекина новинарот кој сакаше да создаде јаз меѓу двајцата лидери“, напишаа тие.
Во описот на сметката се вели дека е создадена за да ја поддржи агендата на Трамп – „Америка на прво место“ и брзо да реагира на лажните вести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

