Свет
(Видео) Трамп испрати повеќе од седум илјади војници на границата со Мексико
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека доколу е потребно да се спречи доаѓањето на бегалците, може да испрати и 15.000 војници на границата со Мексико.
Претходно, пак, Пентагон објави дека на границата се веќе испратени повеќе од 7.000 војници. Нивната задача е да го спречат илегалниот влез на речиси 4.000 луѓе, кои од Латинска Америка поминуваат околу 1.600 километри до САД барајќи подобри услови за живеење во земјата.
Пред испраќањето на војската на границата со Мексико, како што објави АП, Трамп изјави дека тие треба да имаат поставено ѕид од луѓе што би го спречиле влезот на бегалците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

