Свет
(Видео) Трамп мисли дека „жолтите елеци“ во Франција го скандираат неговото име, но гледал погрешно видео
Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека климатскиот договор од Париз е виновен за масовните протести во Франција. Тој тврди дека „жолтите елеци“ го скандирале неговото име за време на насилните демонстрации.
„Парискиот договор не е добар за Париз. Протести и нереди низ цела Франција. Луѓето не сакаат да платат големи суми на пари, во замена за можно зачувување на животната средина. Тие скандираат „Го сакаме Трамп! Ја сакаме Франција“ Трамп напиша на Твитер.
The Paris Agreement isn’t working out so well for Paris. Protests and riots all over France. People do not want to pay large sums of money, much to third world countries (that are questionably run), in order to maybe protect the environment. Chanting “We Want Trump!” Love France.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 8, 2018
Сепак, се работи за погрешно видео кое го гледал Трамп. Изјавата на претседателот дека неговото име одѕвонувало од Бордо до Стразбур се чини дека се базира на едно старо видео со погрешен нслов, кое всушност е снимено на јунски митинг за поддршка на британскиот националист Томи Робинсон, но изминативе неколку дена се ширеше како меме на конзервативниот Твитер.
Sorry buddy, the chants are real. "We want Trump" pic.twitter.com/TvVtfT0cB5
— NotBizzy (@NotBizzy) December 5, 2018
Трамп испрати уште една порака, нарекувајќи го „многу тажен ден & ноќ во Париз“ и уште еднаш предложувајќи да се укине „смешниот и многу скап“ Париски договор.
Very sad day & night in Paris. Maybe it’s time to end the ridiculous and extremely expensive Paris Agreement and return money back to the people in the form of lower taxes? The U.S. was way ahead of the curve on that and the only major country where emissions went down last year!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 8, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: Брисел сака да ја продолжи војната и санкциите
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека, иако Унгарија обезбеди ослободување од американските санкции, Брисел продолжува да го забранува увозот на руски енергетски производи од 2027 година.
„Тие сакаат да ја продолжат војната и санкциите“, рече Орбан во објава на Фејсбук, пренесува MTI.
Тој оцени дека „луѓето во Брисел презедоа брзи мерки“. „Тие изјавија дека Унгарија е ослободена од американските санкции, но сепак ќе го забранат увозот на руски енергетски производи во Европа од 2027 година“, рече Орбан.
Тој додаде дека е јасно дека договорите на Унгарија со американскиот претседател Доналд Трамп за ослободување од американските санкции за увоз на руски енергетски производи „им користат на сите Унгарци“.
„Го заштитивме намалувањето на сметките за комунални услуги, не дозволивме цените на гасот да растат и отворивме нови перспективи за унгарската економија“, заклучи Орбан, кој го посети Вашингтон на крајот од минатата недела.
Фото: принтскрин
Свет
Автобус полн со туристи удри во камион: тешка несреќа во близина на Хургада, има загинати и повредени
Во судир меѓу туристички автобус и камион во близина на египетскиот град Рас Гариб, во близина на Хургада, рано утрово загинаа две лица, а 39 се повредени, соопштија египетските власти.
Во соопштението за медиумите се наведува дека загинале возачот на автобус на локална туристичка компанија и уште едно лице, како и дека меѓу тешко повредените има странски државјани, пренесува „Мирор“.
Повредените се пренесени со брза помош во болниците во Хургада и околните области.
Генералниот конзулат на Русија во Хургада потврди за агенцијата ТАСС дека една Русинка загинала во судирот на туристички автобус во Египет, а дека се повредени уште 27 руски државјани.
Според прелиминарните информации од конзулатот, автобусот патувал од Хургада до Каиро, а во несреќата се повредени вкупно 39 лица.
Пет руски државјани се хоспитализирани поради повреди, според медиумот.
Фото: принтскрин
Свет
Нов инцидент во членка на НАТО: Руски дрон падна на територија на Романија
По рускиот напад врз пристанишната инфраструктура во украинскиот регион Одеса во текот на ноќта, дрон веројатно паднал на романска територија, потврди денес романското Министерство за одбрана. Инцидентот го означува најновото нарушување на воздушниот простор на НАТО во услови на повторени руски напади врз украинските пристаништа на Дунав, објавува The Kiev Independent.
Округот Измаил, една од главните цели на нападот, се наоѓа веднаш преку реката Дунав од Романија, која дели 600-километарска граница со Украина.
Според соопштението од министерството, радарските системи детектирале групи дронови кои се приближувале кон романскиот воздушен простор, поради што единиците за воздушна одбрана биле ставени во состојба на готовност. Сепак, лошите временски услови, вклучувајќи силни ветрови и ниска облачност, спречиле воени авиони да полетат.
Околу полноќ, жителите на романскиот град Тулча беа предупредени за можна закана преку системот RO-Alert. Во исто време, на украинската страна од Дунав, во близина на пристаништето Измаил, одекнаа низа експлозии додека руските сили ги таргетираа пристанишните објекти.
Романските сили добија пријава за пад на беспилотно летало во близина на селото Гринду, кое се наоѓа на околу пет километри од украинската граница. Воени единици веднаш беа испратени на местото на настанот за да го обезбедат подрачјето и да ги пронајдат остатоците од леталото.
Властите соопштија дека инцидентот не претставувал закана за жителите, но истрагата е сè уште во тек.
Ова не е прв ваков инцидент. Пред два месеци, руски дрон, исто така, влезе во романскиот воздушен простор за време на напад врз Украина, останувајќи околу 50 минути и продирајќи околу 10 километри во територијата. Романските сили во тој момент не презедоа акција против дронот, кој на крајот се врати во Украина.

