Свет
(Видео) Трамп рече дека постигнал највеќе пред светските лидери во ОН, Ердоган ја напушти салата
„За помалку од две години мојата администрација постигна повеќе од речиси која било друга администрација во историјата на нашата земја“, порача претседателот на САД, Доналд Трамп, во говорот на Генералното собрание на ОН.
#Trump: This administration accomplished more than 'almost any administration in the history of our country' https://t.co/vD3MxsR6bg pic.twitter.com/cxQWCuV4oH
— RT (@RT_com) September 25, 2018
САД така „станаа посилни, побогати и побезбедни“, кажа американскиот претседател, на што со смеење реагираа присутните светски лидери. Американскиот претседател со насмевка им одговори: „Не ја очекував оваа реакција, но и тоа е во ред“.
"Today I stand before the United Nations General Assembly to share the extraordinary progress we’ve made. In less than two years, my administration has accomplished more than almost any administration in the history of our country,” Trump says as he begins his speech at #UNGA pic.twitter.com/hM6YH0h60k
— CNN Politics (@CNNPolitics) September 25, 2018
Според турските медиуми, турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, ја напуштил салата на Генералното собрание на ОН кога почна со говор американскиот претседател, Доналд Трамп.
Трамп доцнеше на својот годишен говор на Генералното собрание на ОН. Поради неговото доцнење, организаторите мораа да го изменат редоследот на говорниците. Според првичниот план, Трамп требаше да зборува втор по ред на денешното заседание, по претседателот на Бразил, Мишел Темер.
Меѓутоа, по говорот на Темер следеше непријатна пауза додека одговорните во ОН ја подготвуваа говорницата за третиот државник, претседателот на Еквадор, Ленин Морено Гарсес, кој е во инвалидска количка.
Трамповата поворка пристигнала во седиштето на ОН во Њујорк за време на говорот на Гарсес, а Белата куќа сѐ уште нема објаснето зошто Трамп доцнел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.
Свет
Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен
САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Според него, Украина работи со сите партнери за безбедносни гаранции.
„Општо земено, ние сме блиску до тој проект. Имавме средба со американски сенатори. Рековме дека навистина сакаме да ги продолжиме безбедносните гаранции, за да бидат поефикасни за инвеститорите на кои им се потребни гаранции повеќе од пет до десет години“, рече Зеленски, пренесоа украински медиуми.
Тој додаде дека американската страна синоќапредложила гаранции од 15 години, додека Украина сака да додаде 20 години на тоа, за периодот да биде помеѓу 30 и 50 години.
„Зависи од тоа што ќе одлучат администрацијата и Конгресот, ќе видиме“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.

