Свет
(Видео) Трамп со многубројни пофалби за Ким на состанокот во Виетнам
Вториот самит на лидерите на Северна Кореја и САД, Ким Џонг-ун и Доналд Трамп, почна денеска во Ханој.
Ким и Трамп се ракуваа пред знамињата на своите земји во хотелот „Метропол“ во главниот град на Виетнам, објави агенцијата „Ројтерс“.
Како што беше најавено, состанокот очи в очи траеше 20 минути по што следува вечера, на која ќе присуствуваат и други членови на двете делегации.
„Сакам да кажам дека ми е чест што сум со Ким во Виетнам. Имавме многу успешен прв состанок и мислам дека овој ќе биде еднакво успешен, ако не и поуспешен од минатата година. Направивме голем напредок, кој мислам дека е најголем во нашите односи“, рече американскиот претседател.
Се обрати и лидерот на Северна Кореја: „Успеавме да минеме преку пречките и денес сме тука“, рече Ким.
„Како што реков многупати, мислам дека вашата земја има неверојатен и неограничен економски потенцијал. Мислам дека како голем лидер ќе имате светла иднина со вашата земја и се радувам за тоа. Ние ќе помогнеме да се движите во тој правец“, рече Трамп.
По кусите изјави, американскиот претседател рече дека ќе се упатат на вечера по која ќе се одржи конференција за медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.