Европа
(Видео) Турист скрши историска статуа во Брисел

Ирски турист искрши историска статуа во Белгија само еден ден по претставувањето пред јавноста по реставрацијата од 15.000 фунти. Неименуван маж е уапсен на 10 септември бидејќи со факел откинал дел од раката на споменикот пред новоотворената берза во Брисел, јавува белгискиот ВРТ НВС.
Целата зграда исто така беше отворена еден ден порано по големата реконструкција од 77 милиони фунти. На социјалните мрежи се прошири видео од инцидентот. На видеото се гледа како туристот се качува на статуата. Потоа се исправа обидувајќи се да скокне, но притоа го крши факелот и голем дел од раката на статуата, пишува „Индипендент“.
An Iconic statue in Brussels was damaged by a tourist days after an $150m restoration project was completed. pic.twitter.com/Xhr2s4rZuU
— New York Post (@nypost) September 14, 2023
Полициските камери го снимиле чинот на случаен вандализам, а мажот наводно бил пресретнат и уапсен од полицијата во блискиот ресторан за брза храна. Сопствениците сакаат да ја наплатат штетата што ја проценуваат на илјада фунти директно од туристот.
Нел Вандевеннет, кој го водел проектот за реставрација, тврди дека туристот бил во весело расположение.
„Поправките ќе чинат многу пари бидејќи работата ќе треба да ја завршат вистински занаетчии… Агенцијата за споменици и пејзажи на бриселскиот регион ќе ја надгледува работата. Би сакале поправките да ги извршиме бргу, но тоа сигурно ќе потрае неколку недели или дури месеци“, рече тој.
„Целата зграда дури сега е вратена во својот поранешен сјај вклучувајќи ги и двата лава што беа во лоша состојба. Мислевме дека скулптурите ќе бидат повеќе почитувани. Многу е тажно што тоа се случи“, додаде тој.
Тоа е последниот во долгата низа инциденти предизвикани од туристи во Европа ова лето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Данските власти поставија воен радар на аеродромот во Копенхаген за откривање дронови

Откога неидентификувани дронови беа забележани над данските аеродроми и воени бази речиси секоја вечер минатата недела, данските власти презедоа низа мерки за да се осигурат дека претстојниот состанок на лидерите на Европската Унија во Копенхаген ќе помине без безбедносни закани.
Откога минатата сабота беше забранета целата активност на дронови над Данска, фрегатата на германската морнарица „ФГС Хамбург“ се закотви во пристаништето во Копенхаген во неделата. Германскиот брод ќе придонесе за надзор на данскиот воздушен простор за време на самитот на Европската Унија, објавија данските медиуми.
Најновата мерка на данските власти е инсталирање современ радар за откривање и следење дронови „Вајбел Ксента“ на аеродромот „Каструп“ во Копенхаген.
Данската полиција и Генералштабот на вооружените сили не сакаа да дадат подетаљни информации за радарот што може да се види зад оградата кај „Каструп“. Познато е само дека станува збор за уред од данската компанија „Вајбел саентифик“, што може да детектира сите летала на растојание до 30 километри.
фото: принтскрин
Европа
Орбан: Секој друг извор на нафта и гас, освен рускиот, е несигурен и поскап

Снабдувањето на гас и нафта од Русија е загарантирано за Унгарија, а секој друг извор на енергија е несигурен и поскап, изјави денес унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
„Ниеден разумен човек не би разменил нешто сигурно за нешто неизвесно“, рече Орбан денес во поткастот Fight Hour, како што објави унгарската агенција MTI. Унгарскиот премиер рече дека испораката на енергија од Русија е загарантирана и дека цената е пониска отколку од другите земји. Доколку Унгарија купува нафта и гас од други земји по повисока цена, ќе мора да им наплаќа повеќе на своите жители, рече Орбан.
Унгарија, Словачка и Чешка се трите европски земји на кои им се дадени ослободувања од европските санкции за увоз на руска нафта. Чешка оттогаш обезбеди други извори на снабдување, но Унгарија и Словачка продолжуваат да увезуваат нафта од Русија преку нафтоводот „Дружба“.
фото: принтскрин
Европа
Рекорден премин на Ла Манш: 125 мигранти пристигнаа со еден брод

Рекорден премин на Ламанш беше забележан во саботата кога дури 125 лица пристигнаа во еден мал брод, што е досега најголем број патници во еден брод. Вкупно, речиси 900 мигранти го преминаа Ламанш во саботата, пишува Би-би-си.
Со ова е соборен претходниот рекорд од август, кога во еден брод имаше 106 лица. Официјалните податоци од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека 895 мигранти пристигнале во 12 бродови во саботата, со што вкупниот број на преминувања од почетокот на 2025 година достигна приближно 33.000.
Во сенка на нова трагедија
Веста доаѓа откако уште еден мигрант почина обидувајќи се да премине, а неговото тело беше пронајдено во неделата наутро на плажа во близина на Булоњ-сур-Мер во северна Франција, објави новинската агенција АФП.
Возраста и националноста на починатиот сè уште не се познати. Обвинителката на пристанишниот град, Сесил Гресиер, изјави за АФП дека истрагата ќе утврди дали постои врска помеѓу оваа смрт и обидот за премин во близина на Екиен-Плаж, каде што беше пронајдена 49-годишна жена и однесена во болница поради хипотермија.
Во саботата, две жени од Сомалија исто така ги загубија животите откако нивниот импровизиран чамец наиде на проблеми. Со ова, бројот на смртни случаи при обид за нелегално преминување од Франција во Велика Британија оваа година се искачи на најмалку 27.
фото: принтскрин