Свет
(Видео) Украина го претстави новиот поморски дрон: „Отпорен е на куршуми“
Украинците објавија дека почнале да користат ново површинско беспилотно пловило без екипаж за кое тврдат дека е „најбрзиот објект во Црното Море“. Бродот се вика Козак Мамај, што е име на украински фолклорен херој и треба да помогне во напорите на Украина да оштети или уништи што е можно повеќе руски воени бродови, пишува Business Insider.
Бродот беше јавно прикажан од Службата за безбедност на Украина на украинската телевизија во понеделникот, пишува Euromaidan Press. Во извештајот се наведува дека пловилото активно ќе учествува во операциите против руските бродови во Црното Море. Може да достигне брзина од повеќе од 100 километри на час, според United24, платформа за групно финансирање формирана од украинската влада за да им овозможи на луѓето да донираат пари за воените напори.
🇺🇦🛥️ SBU for the first time showed the naval drone “Kozak Mamay”
🔥 This drone is now the fastest object in the Black Sea and can accelerate to 110 km/h. It was created for maneuvering under heavy enemy fire, touch the trigger mechanism and BOOM. pic.twitter.com/hK76YlY9vS
— MAKS 23 👀🇺🇦 (@Maks_NAFO_FELLA) December 24, 2023
United24 го опиша Козак Мамај како оружје од украинско производство за „уништување на непријателски бродови во Црното Море какво што никој досега не видел“. Тие додаваат дека неговата брзина го прави „најбрзиот објект во Црното Море“. Бродот долг шест метри има и надзорна камера и сателитска платформа на врвот и е отпорен на куршуми „што го отежнува уништувањето“.
Не е јасно колку такви беспилотни бродови има Украина и дали досега биле користени во напади. Украинците често целат руски бродови и опрема во Црното Море како дел од нивната борба против руската инвазија. По серијата напади, Русија пресели многу од своите бродови од главното пристаниште на Црното Море во побезбедни води.
И покрај тоа, украинските напади врз руските бродови продолжија. Вчера Грант Шапс, британскиот министер за одбрана изјави дека „во последните 4 месеци уништени се 20 проценти од руската црноморска флота“. Русија оваа недела потврди дека украинскиот напад оштетил еден од нејзините бродови во пристаништето на Црното Море, велејќи дека големиот јуришен амфибиски брод Новочеркаск бил погоден од украински проектили.
Козак Мамај е дел од растечкиот арсенал на оружје и опрема што се произведува во Украина, бидејќи земјата се обидува да ја намали зависноста од донираното оружје од сојузничките земји. Тој напор вклучува зголемување на производството на ракети, беспилотни летала и муниција, како и производство на сопствени хаубици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Додик: Економската ситуација во БиХ е подобра од политичката
Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека економијата во БиХ долго време не е зависна од глобалната политика и посочи дека одредени земји, следејќи ја политиката креирана од Западот, со воведувањето санкции против Русија, остануваат без евтини извори на енергија.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Унгарија.
Планирани се средби со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто – соопштија од Кабинетот на претседателот на РС.
Свет
Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел изјави дека земјите-членки кои делуваа обединето по прашањето за украинско-руската војна, се премногу поделени кога станува збор за палестинското прашање.
Во своето обраќање во Институтот Хувер на американскиот универзитет Стенфорд, Борел рече дека е неопходно да се започне политички процес за зајакнување на палестинската администрација.
„Мораме јасно и гласно да кажеме дека постигнувањето решение за две држави е единствениот начин да се ослободиме од оваа трагедија. Колку и да е тешко, не гледам друг начин да се запре оваа трагедија која ќе остане дамка на совеста на човештвото“, рече Борел, пренесе Анадолија.
Свет
САД драстично ги зголемија царините за кинеските производи
Белата куќа објави дека значително ги зголемува царините за кинеските производи, во вкупна вредност од 18 милијарди долари, за да ги заштити американските компании и работници од конкуренцијата која Вашингтон ја смета за нефер.
Новите тарифи се однесуваат на десет индустриски сектори кои се сметаат за „стратешки“, како што се полупроводници, ретки минерали, медицински производи, електрични возила, на кои, на пример, тарифата ќе се зголеми од 25 на 100 проценти.
Царинските тарифи што ги воведе поранешниот претседател Доналд Трамп за кинески стоки сè уште остануваат на сила, а администрацијата на претседателот Џо Бајден само дополнително ги зголеми, за електрични возила дури четири пати – и сега изнесуваат 100 проценти, објави Белата куќа.
Како објаснување, администрацијата наведе „неприфатливи ризици за американската економска безбедност“ од евтините кинески производи кои го преплавија пазарот.