Свет
(Видео) Украинците во Бахмут првпат ја искористија американската паметна бомба
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како украинските војници користат американски таканаречени паметни бомби, што е првата снимена употреба на ова моќно оружје.
Според белоруската новинска агенција „Некста“, се верува дека снимката е од јануари оваа година, пишува „Индекс.хр“.
Инаку, на самиот крај на минатата година САД решија да го испорачаат ова оружје во Украина. Станува збор за JDAM (Joint Direct Attack Munition), кои ги претвораат немите гравитациски бомби во прецизни проектили водени од системот ГПС.
Во зависност од висината и брзината на авионот од кој лета JDAM има дострел до 28 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетанјаху за наводни воени злосторства
Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за наводни воени злосторства, објави Ројтерс.
„Постојат разумни основи да се верува дека израелскиот премиер Нетанјаху сноси кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече обвинителот на Меѓународниот суд на правдата.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
Радослав Драгијевиќ (70), татко на Дејан Драгијевиќ (50), кој заедно со неговиот колега Срѓан Јанковиќ (50) е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор, двомесечниот притвор во кој беше задржан за кривичното дело помагање на сторителот завршува на 29 мај по стореното кривично дело, а на крајот на мај ќе биде пуштен на слобода, објави српски „Блиц“.
Како што изјавиле за „Блиц“ од Вишото јавно обвинителство Заечар, за ова кривично дело нема законска можност за продолжување на притворот, а се очекува Радослав Драгијевиќ да биде ослободен на 29 мај.
Од обвинителството известиле дека ќе предложат и продолжување на притворот за главните осомничени Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.
Данка Илиќ беше убиена на 26 март годинава. За тоа дело се осомничени Дејан Драгијевиќ од Злот и Срѓан Јанковиќ од Лука, двајцата работници на ЈКП „Водовод“ Бор, кои се во притвор.
Во полиција беше приведен и братот на Дејан, Далибор Драгијевиќ, кој почина во полициската станица во Бор.
Свет
Јужна Кореја го забрани пристапот до видео во кое се велича Ким Џонг Ун како голем лидер
Јужнокорејскиот медиумски регулатор денеска соопшти дека го забранува пристапот до севернокорејското пропагандно музичко видео за кое се вели дека „го идолизира и велича“ севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун како „пријателски татко“ и „голем водач“.
Регулаторот рече дека одлуката за забрана на видеото дошла откако властите на разузнавачката агенција побарале да се провери дали видеото го прекршило јужнокорејскиот закон.
Видеото стана хит на социјалните мрежи ширум светот, бидејќи беше поставено како краток клип на ТикТок и други платформи, објави Ројтерс.