Свет
(Видео) Украинците тврдат дека го собориле главното оружје на Путин, кое сееше страв и трепет од воздухот
Руската армија има широк арсенал на оружје што го користи за воени цели во Украина, а хеликоптерот „Ка-52 алигатор“ е главното оружје на Путин.
Русија има богата воена техника. Ударните игли се самоодната хаубица 2S35 Coalition-SV, МИГ-31 која носи хиперсонична балистичка ракета воздух-земја, системот Красуха за електронско војување, неодамна потонатиот воен брод Москва, а предводник на руската армија, пред се на воздухопловните сили, е разузнавачкиот и јуришен хеликоптер алигатор Ка-52.
Според украинските медиуми, Командата на воздухопловните сили на Украина соопштила дека пред неколку дена собориле руски хеликоптер Ка-52.
A Russian Ka-52 helicopter was reportedly shot down in Zaporizhzhia Oblast by Ukrainian National Guard troops with a MANPADS. https://t.co/hErVK61yjC pic.twitter.com/MpNxxvzMI8
— Rob Lee (@RALee85) April 21, 2022
Современиот повеќенаменски борбен хеликоптер „Ка-52 алигатор“ е ефикасен во секое време од годината, во најтешки временски услови, и дење и ноќе, на големи надморски височини. Пилотите гледаат ноќе преку термички апарати. Тоа им овозможува на пример да го видат угаснатиот непријателски мотор во тенкот, кој е оддалечен 10 километри“, соопшти руското Министерство за одбрана за време на церемонијата на претставување на „Алигаторот“ по повод Денот на победата 2015 година.
Low-flying Russian Ka-52 helicopter flying in Rostov towards Ukraine. https://t.co/B3XukqRYdF pic.twitter.com/iiU6Kn6UIu
— Rob Lee (@RALee85) April 25, 2022
„Алигаторот“ тежи 7.700 килограми. Дизајниран е во проектантското биро „Камов“, го произведува фабриката „Прогрес“ од Арсењев на истокот на Русија, пишува „Мондо“.
A Russian Ka-52 helicopter was reportedly shot down in Zaporizhzhia Oblast by Ukrainian National Guard troops with a MANPADS. https://t.co/hErVK61yjC pic.twitter.com/MpNxxvzMI8
— Rob Lee (@RALee85) April 21, 2022
Ако е вистина дека украинската војска го собори „алигаторот“, тоа би значело дека им задала нов голем удар на Русите, откако, како што се верува, „Москва“ потонала по ударот на украинскиот проектил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.
Свет
Светот влегува во нова ера, рече Рубио во пресрет на неговото патување во Европа
Американскиот државен секретар, Марко Рубио изјави дека светот влегол во „нова ера“, во пресрет на неговото патување во Европа, каде ќе одржи клучен говор на Минхенската безбедносна конференција. Тој ќе ја предводи американската делегација на првиот голем глобален собир по заканата на претседателот Доналд Трамп за анексија на Гренланд, што беше протолкувано како закана за данскиот суверенитет, објави Би-Би-Си.
Додека светските лидери се собираат во Минхен, францускиот претседател Емануел Макрон повтори дека Европа мора да се подготви за независност од САД, додека генералниот секретар на НАТО Марк Руте истакна дека трансатлантските врски се цврсти и значајни како и секогаш. Темите на конференцијата што штотуку започна вклучуваат: војната во Украина, тензиите со Кина и потенцијален нуклеарен договор меѓу Иран и САД.
„Светот се менува пред наши очи, и тоа многу брзо“, рече Рубио одговарајќи на прашањето дали неговата порака кон Европејците ќе биде помирлива од лани. „Живееме во нова ера на геополитика, што од сите нас ќе бара да преиспитаме како изгледа тоа и каква ќе биде нашата улога.“
Минатата година, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс остро ја нападна Европа – вклучително и Велика Британија – поради политиките за слобода на говор и имиграција, што предизвика година на незапаметени трансатлантски тензии.
Околу 50 светски лидери се очекува да присуствуваат на конференцијата, каде ќе се разговара за европската одбрана и иднината на трансатлантските односи, во време кога американската посветеност кон НАТО е доведена во прашање.
Тензиите растат, особено откако Трамп повеќепати изјави дека Гренланд е клучен за националната безбедност на САД, тврдејќи дека е „преплавен со руски и кинески бродови“. Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека планира да се сретне со Рубио за да разговараат за американските закани за преземање на данска територија.
Многу европски лидери сметаат дека овие закани се пресвртна точка што го нарушила довербата во најголемиот сојузник.
Во пресрет на конференцијата, осум поранешни американски амбасадори во НАТО и осум поранешни американски генерали во Европа објавија отворено писмо, со кое го повикуваат Вашингтон да ја задржи својата поддршка за западниот одбранбен сојуз.
„НАТО не е добротворна организација“, се вели во писмото, туку „мултипликатор на моќта“ кој ѝ овозможил на Америка да го проектира својот влијание и моќ, на начин кој самостојно би бил невозможен или прескап.
Трансатлантските односи се под зголемен притисок и поради новите царини воведени од републиканскиот претседател и навестувањата во американската стратегија за национална безбедност дека европските земји можеби повеќе нема да бидат доверливи сојузници.
Холандскиот министер за надворешни работи Давид ван Вел за Би-Би-Си изјави дека ја препознава промената на светот и се надева дека трансатлантската врска ќе остане цврста. Тој додаде дека Холандија поднесува голема жртва за зголемување на трошоците за одбрана, но дека ќе треба време пред Европа да може целосно да ја преземе улогата од Американците.
Холандија беше меѓу НАТО-сојузниците кои минатата година, по повеќемесечен притисок од Трамп, се согласија да го зголемат буџетот за одбрана на 5% од БДП до 2035 година.
Очекувањата се дека Рубио ќе избегне остар тон како минатата година, но, на прашањето дали ќе биде попомирлив, тој одговори:
„Европејците сакаат да знаат каде одиме, каде сакаме да одиме, и дали сакаме да одиме заедно со нив.“
Неколку часа пред да ја отвори конференцијата германскиот канцелар Фридрих Мерц, министерот за надворешни работи Јохан Вадепфул за германската јавна телевизија изјави дека целта е заеднички да се дефинира што го држи НАТО заедно и да се покаже дека и САД има потреба од Европа.
Макрон исто така ќе се обрати на конференцијата во петок, откако минатиот месец во Давос порача дека сега „не е време за нов империјализам или нов колонијализам“.
Британскиот лидер Сер Кир Стармер исто така патува во Минхен по бурна недела во внатрешната политика, каде ќе се сретне со Мерц и Макрон, а потоа ќе им се обрати на учесниците на конференцијата.
По пристигнувањето во Минхен, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека конференцијата ќе донесе „нови чекори за заедничка безбедност – за Украина и за цела Европа“.
Руските медиуми денес го цитираа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој изјавил дека наредната рунда преговори меѓу Русија, Украина и САД, фокусирана на завршување на војната, ќе се одржи во Женева на 17 и 18 февруари. Киев и Вашингтон сè уште не ги коментирале тие наводи.
Трите земји неодамна одржаа разговори и во Абу Даби, но без видлив напредок, иако по преговорите следуваше ретка размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија, со посредство на САД.

