Свет
(Видео) Француски педофил злоставувал 300 деца во Индонезија, му се заканува смртна казна
Французин најверојатно ќе се соочи со смртна казна со стрелање во Индонезија, откако беше обвинет за злоупотреба на повеќе од 300 деца и тепање на оние кои не сакале да имаат полов однос со него.
Полицијата соопшти дека го уапсила пензионерот Франсоа Абело Камил (65) во хотел во Џакарта минатиот месец, каде што две малолетни девојчиња биле во собата со него.
Доколку биде осуден, тој се соочува со смртна казна или доживотен затвор, пишува Дејли Меил.
Инспекторите рекоа дека пронашле видеа на лаптопот на Камил на кои извршувал нелегални сексуални акти врз стотици деца на возраст од 10 до 17 години.
„Тој им плаќал помеѓу 17 и 70 долари на оние што се согласувале да имаат секс со него“.
Пензионерот влегол неколку пати во Индонезија во последните пет години со туристичка виза, велат од полицијата.
„Тој им пристапувал на децата за да ги примами, нудејќи им работа како модели“, рече пред новинарите началникот на полицијата во Џакарта, Нана Суџана.
Видеата што кружат на Интернет го покажуваат Камил со лисици на рацете на прес-конференција. Неговата глава е сведната, а го чуваат 10 индонезиски полицајци.
Полицијата верува дека Камил со години ги злоупотребувал индонезиските деца и дека може да има повеќе жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

