Свет
(Видео) Фудбалската еуфорија ги зафати и дипломатите во Советот за безбедност на ОН

Слободната сала во која се одржуваат најважните седници во светот – салата на Советот за безбедност на ОН, дипломатите ја искористија да заиграат фудбал.
Watch: #UN envoys enjoy a #football game at the security council. pic.twitter.com/u7eIeVmSH3
— Press TV (@PressTV) June 15, 2018
Се разбира, целиот настан не беше случајност, туку бил организиран поради Светското првенство во фудбал, кое започна вчера во Русија.
На кратката снимка објавена од страна на Press TV, се гледаат светските дипломати, облечени во фудбалски дресови, како шутираат топка во салата во која се одржуваат седниците. Столчињата беа празни, иако фотографи беа присутни, па целиот настан заврши на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин го осуди израелскиот напад врз Иран

Рускиот претседател, Владимир Путин, во одвоени телефонски разговори му рекол на иранскиот претседател дека Москва ги осудува акциите на Израел против Техеран и му рекол на израелскиот премиер дека прашањата поврзани со иранската нуклеарна програма може да се решат само дипломатски.
Во соопштението за печатот на Кремљ се наведува дека Путин му рекол на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан дека Русија „ги осудува акциите на Израел кои ја прекршуваат Повелбата на Обединетите нации“ и изразил сочувство за загинатите.
Се известува дека Путин во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ја истакнал важноста од враќање на преговарачкиот процес и решавање на сите прашања поврзани со иранската нуклеарна програма преку политички и дипломатски средства“.
Во соопштението на Кремљ се наведува дека Русија останува во близок контакт со Иран и Израел.
Свет
Иран: Одмаздата против Израел почна

Иран потврди дека почнал да се одмаздува против Израел, јавува државната новинска агенција ИРНА.
Иран истрела стотици различни балистички ракети кон Израел, што Техеран го опишува како почеток на својата разорна одмазда за израелските напади.
„Пред неколку моменти, со лансирање на стотици различни балистички ракети кон окупираните територии, започна операцијата на решителен одговор на варварскиот напад на ционистичкиот режим“, објави официјалната иранска новинска агенција ИРНА.
Како што јави Хаарец, израелската армија најави дека ќе се огласат сирени за воздушен напад низ целата земја и ги повика граѓаните веднаш да одат во засолништата. Тие додаваат дека повеќе од 100 ракети биле лансирани од Иран, а сирените се огласиле низ Израел.
Главниот дописник на Гардијан за Блискиот Исток, Ема Греам-Харисон, известува од Тел Авив дека над градот се слушаат бројни пресретнувања на ракети. Eксплозии одекнаа во Ерусалим, јавува „Си-ен-ен“.
Огромни облаци од чад се издигнуваат над Тел Авив, видливи над облакодерите во центарот на градот.
Чадот е толку густ што целосно се надвива над високите згради околу него.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека бран ракети бил лансиран кон Израел.
„Нападот е во тек“, се вели во објавата.
Телевизијата Канал 13 известува за пожар во близина на седиштето на израелското Министерство за одбрана во Тел Авив, додека Израел Хајом јавува дека ракети паднале на седум различни локации во централниот дел на земјата.
Свет
Израел до Иран: Ако ги нападнете нашите градови, ќе возвратиме на рафинериите и лидерите на режимот

Израел му порача на Иран дека, во случај на напад на балистичка ракета врз израелски населби и цивилни цели, ќе одговори со гаѓање на иранските рафинерии и лидерите на режимот.
Како што изјави за „Канал 12“ висок израелски безбедносен функционер, Израел јасно му ставил до знаење на Техеран дека нема да толерира напади врз цивили и дека во тој случај цели ќе бидат стратешката инфраструктура и политичкото раководство на Иран.