Свет
(Видео) Хаос во Анкара: се слушаат експлозии, има повредени, сите улици се затворени
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека утринава околу 9 часот и 30 минути се случил бомбашки напад пред портите на нивното Министерство во Анкара, во кој е убиен еден од терористите, пишува Хуриет.
Според него, двајца терористи дошле пред зградата на Министерството, а едниот активирал експлозивна направа, додека другиот е уапсен.
– Еден од нив се разнесе, додека другиот е неутрализиран – рече тој.
Си-Ен-Ен Турк јавува дека има повредени, а затворени се сите околни патишта.
Explosions and Gunfire have been heard this morning near the Parliamentary Building in the Turkish Capital of Ankara; a Significant Police and Military Presence has been observed in the Area but it is Unknown what exactly the ongoing Situation is. pic.twitter.com/dzSFxdHDg9
— OSINTdefender (@sentdefender) October 1, 2023
На терен се и членови на обезбедувањето на претседателот.
Се утврдуваат причините за експлозијата во населбата Кизилај.
Според АП, турскиот парламент денеска треба повторно да заседава по летната пауза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гроси: Смртта на Раиси предизвика пауза во преговорите меѓу МААЕ и Иран
Смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахијан, во хеликоптерска несреќа предизвика пауза во преговорите меѓу Техеран и Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), изјави директорот на агенцијата на ОН, Рафаел Гроси.
Во Хелсинки, каде што зборуваше денеска на нуклеарната конференција, тој објасни дека Иран е во период на жалост и дека кога ќе помине, повторно ќе се ангажира, пренесува „Ројтерс“.
Гроси рече дека МААЕ планира да ги продолжи техничките разговори со Иран, но дека тие сè уште не се одржани поради хеликоптерската несреќа минатата недела, во која загинаа претседателот Раиси и министерот за надворешни работи, Абдолахијан.
Свет
Џанг Жан ослободена од затвор, осудена за известување за епидемијата во Вухан
Кинеска новинарка Џанг Жан, која беше осудена во Кина за известување за епидемијата на Ковид-19 во Вухан, е ослободена од затвор по издржување четиригодишна затворска казна, објавија светските медиуми.
Џанг е осудена на четири години затвор под обвинение за „поттикнување кавги и предизвикување проблеми“, пренесува АП.
Меѓутоа, на денот на нејзиното ослободување нејзините поранешни адвокати не можеле да дојдат до неа или до нејзиното семејство бидејќи, како што наведува американската агенција, „полицијата во Шангај ги посетила активистите и нејзините поранешни адвокати во деновите пред нејзиното ослободување“.
Свет
Пресметка на суперсилите во вселената: САД ја обвинуваат Русија за испраќање офанзивно оружје во вселената, Москва ги отфрла тврдењата
Вашингтон ја обвини Москва дека лансирала сателит за кој американското разузнавање верува дека е оружје способно да следи и да напаѓа други сателити, тврдење што Русија денеска го отфрли како лажно.
Американската вселенска команда во вторникот соопшти дека Русија лансирала антисателитско оружје во исто време кога САД лансирале нов сателит во ниската орбита, пренесува „Ројтерс“.
Претходно овој месец, САД укажаа на лансирањето на ракетата „Сојуз“, која наводно носела најмалку девет сателити вклучувајќи го и COSMOS 2576, тип на руско надзорно вселенско летало од руската локација за лансирање Плесец.