Свет
(Видео) Хаос во Дубаи поради невремето: најмалку 18 жртви во Оман, меѓу нив и деца
Обилните дождови ги зафатија Обединетите Арапски Емирати во вторникот, поплавувајќи делови од главните автопати, оставајќи напуштени возила на патиштата низ Дубаи и привремено го ставија сообраќајот во целосен застој на огромниот меѓународен аеродром во градот. Во меѓувреме, бројот на загинати во одвоените тешки поплави во соседен Оман се искачи на 18, додека непознат број луѓе се водат како исчезнати, пренесува „CBS News“.
Дождовите почнаа во текот на ноќта, оставајќи големи поплави на инаку сувите улици и аеродромските писти, додека силните ветрови придонесоа за прекин на летовите на меѓународниот аеродром во Дубаи, најпрометниот аеродром во светот за меѓународни патувања.
Strange weather in Dubai pic.twitter.com/q5lqGouTZB
— What the media hides. (@narrative_hole) April 16, 2024
Аеродромот во серија објави на социјалните мрежи соопшти дека сите операции се стопирани на околу 25 минути во вторникот попладне, и дека сите дојдовни летови ќе бидат пренасочени „до подобрување на временските услови“.
Училиштата низ ОАЕ беа главно затворени пред невремето, а државните службеници главно работеа од дома каде што беше можно. Многу работници исто така останаа дома, иако некои отидоа на работа, а некои ги оставија возилата во длабоката вода на патиштата.
Властите испратија цистерни на улиците за да ја испумпуваат надојдената вода што навлегуваше во некои домови, принудувајќи ги луѓето да користат кофи за да се обидат да ги испразнат своите домови.
وادي القور منطقة اسود
مايد الوشاحي#ميتار_عمان pic.twitter.com/EEWP5h6YGW— ميتار عمان ⚡ (@Metar_Oman) April 16, 2024
Дождот е необичен феномен во ОАЕ, но повремено се појавува за време на постудените зимски месеци. Многу улици и други области немаат одводнување поради недостаток на редовни врнежи од дожд, што ги влоши поплавите.
Дожд падна и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.
Dozens of people in Oman had to be rescued as deadly flash flooding inundated the region. pic.twitter.com/D06PPR0DT0
— AccuWeather (@accuweather) April 16, 2024
Во соседниот Оман, најмалку 18 лица загинаа во обилните дождови во последните денови, се вели во соопштението објавено од Националниот комитет за управување со вонредни состојби на земјата. Тука спаѓаат 10-ина деца.
Климатолозите со години предупредуваат дека човечкото влијание врз климатските промени ќе доведе до поекстремни и помалку предвидливи временски настани ширум светот.
Делови од јужна Русија и Централна Азија, исто така, со денови се борат со невообичаено силен дожд и топење на снегот, принудувајќи десетици илјади луѓе да се евакуираат на повисоките места а повеќе од 60 луѓе загинаа во Пакистан и Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

