Свет
(Видео) Хаос на протестот за Денот на жената во Истанбул, полицијата употреби бибер-спреј

Турската полиција употреби бибер-спреј за да растера група демонстранти што се собраа во центарот на Истанбул по повод Меѓународниот ден на жената.
Жените носеа свирчиња и извикуваа слогани од типот „Не сакаме да молчиме, не се плашиме и нема да послушаме“, а полицијата ги туркаше со штитови.
Women in Turkey braved an official ban on an International Women’s Day march in Istanbul for a protest that combined women’s rights with the staggering toll of the deadly quake that hit Turkey and Syria a month ago. https://t.co/uEcNM9ZMJO pic.twitter.com/pdoev0RTR9
— The Associated Press (@AP) March 9, 2023
Полицијата ја спречи толпата да маршира во центарот на градот откога локалните власти објавија соопштение во кое објавија дека нема да дозволат маршеви и демонстрации.
Толпата извикуваше дека владата треба да поднесе оставка.
Демонстрациите се одржаа на нешто помалку од два месеца пред изборите, кои, според аналитичарите, претставуваат најголем предизвик за владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин