Свет
(Видео) Црвената полумесечина: Во израелски напад повредени дваесет лица во болница во Газа

Најмалку 21 лице е повредено во болницата „Ал Кудс“ во градот Газа по израелските воздушни напади врз населбата Тал Ал Хава, соопшти денеска палестинската Црвена полумесечина. 14.000 раселени лица побараа засолниште во болницата „Ал Кудс“, втората по големина болница во енклавата.
🚨✋21 injuries and many bruises occurred when the internal glass of Al-Quds Hospital in #Gaza shattered and part of the false ceiling fell. Most of the affected were 👨👩👦👦women and children, causing extreme fear and panic among internally displaced civilians. This resulted from… pic.twitter.com/TLFrKzgeOg
— PRCS (@PalestineRCS) November 3, 2023
Црвената полумесечина објави видео на кое се гледа скршено стакло на подот на болницата додека здравствените работници носат деца, а медицинските лица се грижат за жена со повреда на ногата.
„За време на нападот било скршено внатрешното стакло на болницата и се урнал дел од таванот. Повеќето од повредените се жени и деца“, велат од хуманитарната организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски вели дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск.
– Нашите сили ги продолжуваат активните одбранбени операции во одредени подрачја на (руските) области Курск и Белгородск, истакна Зеленски.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави Курск е целосно ослободен.
Русија повторно воспостави контрола над Курск. Авантурата на режимот на Киев целосно пропадна, изјави вчера Путин.
Претставници на украинската армија вчера ги демантираа тврдењата на Путин и на Генералштабот на руската армија дека Курск е ослободен.
Свет
Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.
Воздухопловните сили објавија на Телеграм дека украинските сили собориле 66 руски беспилотни летала во текот на ноќта.
Во голем број украински региони е прогласена воздушна опасност поради лансирање руски беспилотни летала, вклучувајќи ги Полтавската и Харковската област, Одеса, Киев, Суми, Чернигов, Днепропетровск и Запорожје
Свет
Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан.
Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера во гробница одвоена помеѓу две капели во римската базилика, по церемонија на жалост одржана во Ватикан. Церемонијата на поставување на ковчегот траеше околу половина час.
На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на папата беше пречекан со ѕвона.
На мисата во Ватикан, според официјалните податоци од Ватикан, присуствуваа околу 250.000 луѓе, како и 170 странски делегации. Меѓу нив имаше шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. Подоцна, италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози изјави дека најмалку 400.000 луѓе присуствувале на погребот на папата Франциск, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим.
Целиот настан го следеа околу 2.700 акредитирани новинари.