Свет
(Видео) Чад и пламен од моторот на авионот кој требало да лета на релација Чикаго – Сиетл : патниците снимиле се, летот откажан
Екипажот на „Airbus A320 на United Airlines“ (UA) мораше да се откаже од полетувањето откако регистрираше пожар во еден од моторите на авионот.
„Airbus A320 N459UA на United Airlines“ требаше да го изврши летот на релација Чикаго (ORD) – Сиетл (SEA) во понеделникот на 27 мај. При приближувањето до пистата на аеродромот О’Хара, патниците и екипажот забележале црн чад околу левиот мотор.
🚨BREAKING: United Airlines flight aborts takeoff after an engine catches fire at Chicago O'Hare International Airport.
pic.twitter.com/h1s2o8JDMu— The Worldview Monitor (@WorldviewFeed) May 28, 2024
Пилотите го откажаа полетувањето и го свртеа авионот назад кон терминалот.
На видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат голем број возила на итната помош околу самиот авион.
Сите 148 патници и петте членови на екипажот се неповредени, пренесе „Аеро тајм“.
Авиокомпанијата објави дека сите патници се префрлени на алтернативни летови до Сиетл и дека нема поголеми нарушувања во воздушниот сообраќај.
Пламенот и чадот од моторот наводно биле пријавени околу 14 часот. Федералната управа за авијација (FAA) накратко ги забрани сите слетувања на аеродромот во Чикаго, а сообраќајот е повторно воспоставен во 14:45 часот по локално време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

