Свет
(Видео) Читач од усни открива што рекол Илон Маск за саудискиот принц на гала-вечерата: Трамп ќе полуди
Илон Маск, кој драматично ги влоши односите со Доналд Трамп пред шест месеци, сега се чини дека е повторно во милост откога присуствуваше на раскошна вечера во чест на Мохамед бин Салман во вторникот. Сепак, по она што наводно го кажал за време на вечерата, би можел повторно да падне во немилост.
Маск, според читањето од усни, наводно прашал еден од гостите дали мисли оти саудискиот престолонаследник е терорист. Маск наводно го упатил прашањето кон Алберт Борл, извршниот директор на „Фајзер“.
@dailymail According to The Lip Reader, Nicola Hickling, Elon Musk appeared to ask a fellow guest whether he believed Saudi Arabia’s Crown Prince was a terrorist. Musk apparently couldn’t resist a risqué remark, after taking a sip from his glass he then asked mischievously, ‘What is your opinion, is he a terrorist?’ according Hickling, who analyzed the clip for the Daily Mail. Read the full story at DailyMail #news #america #trump #musk ♬ original sound – Daily Mail
„Какво е вашето мислење, дали е терорист?“, наводно прашал Маск.
Борл, според анализата на Никола Хиклинг за „Дејли мејл“, изгледал шокиран од прашањето.
Претставниците на Маск и Борлауг се контактирани за коментар.
Престолонаследникот Салман ја посети Белата куќа првпат по седум години по убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, во 2018 година.
Трамп и неговата сопруга Меланија му приредија спектакуларна вечера, при што Меланија ѝ оддаде суптилна почит на Саудиска Арабија во зелен фустан од Ели Сааб вреден 3.350 долари.
Меѓу гостите беа Кристијано Роналдо, Доналд Трамп Помладиот, државниот секретар Марко Рубио, претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон…
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

