Свет
(Видео) Шефот на ООН вели дека пандемијата ослободила цунами од омраза и ксенофобија
Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, повика на глобален напор да се угаси цунамито од омраза и ксенофобија, непријателство и ширење невистини кое е сè почесто со појавата на пандемијата на коронавирусот.
„Омразата спрема странците се случува на интернет и на улиците, се шират антисемитски теории на заговор и се појавија антимуслимански напади поврзани со Ковид-19“, рече Гутереш во видеопораката.
„Со оглед на тоа што постарите лица се најранливи, се појавија пародии полни со омраза кои сугерираат дека тие се исто така и најбескорисни“.
#COVID19 does not care who we are, where we live, or what we believe.
Yet the pandemic continues to unleash a tsunami of hate and xenophobia, scapegoating and scare-mongering.
That’s why I’m appealing for an all-out effort to end hate speech globally. pic.twitter.com/ojh957xhQq
— António Guterres (@antonioguterres) May 8, 2020
Тој рече дека мигрантите и бегалците биле малтретирани како извор на вирусот, оневозможувајќи им пристап до лекување, додека исто така биле нападнати и новинари, здравствени работници и бранители на човековите права.
Шефот на ООН ги повика политичките лидери да покажат солидарност со сите членови на општеството, но и општеството да покаже солидарност кон ранливите луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

