Свет
(Видео) Шефот на СЗО: Пандемијата може да заврши во 2022 година
Шефот на Светската здравствена организација во новогодишната порака изрази надеж дека пандемијата во 2022 година може да заврши велејќи дека светот има „алатки за ставање крај на пандемијата“ иако бројот на нови случаи во светот достигнува нови рекорди.
Но, оптимистичката објава на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, објавена на LinkedIn, дојде со предупредување: „Колку подолго трае нееднаквоста, толку подолго ќе трае пандемијата“.
Две години по почетокот на пандемијата, алатките достапни за борба против Ковид-19 сè уште се нерамномерно распределени во светот. Во Африка тројца од четворица здравствени работници не се вакцинирани, а луѓето во Европа и САД примаат трета доза, напиша Тедрос.
„Ако ставиме крај на нееднаквоста, ќе ставиме крај на пандемијата и на глобалниот кошмар што сите го доживеавме. И тоа е можно“, додаде тој.
Како дел од неговите новогодишни резолуции, шефот на СЗО рече дека ќе работи со владите за да им даде приоритет на испораката на вакцини на глобалните иницијативи, како што се „Ковакс“ и „Ават“, со цел да се вакцинираат 70 % од луѓето во сите земји до средината на 2022 година.
„По две години, сега добро го познаваме овој вирус. Знаеме докажани мерки за контрола на преносот: користете маски, избегнувајте метеж, одржувајте физичко растојание, одржувајте хигиена на рацете, отворете ги прозорците за вентилација, тестирајте и следете ги контактите. Со сите овие учења и капацитети можноста да ја претвориме оваа пандемија на подобро е во наши раце“, напиша шефот на СЗО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

