Свет
(Видео) 10 години од земјотресот, цунамито и несреќата во нуклеарната централа во Фукушима
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/profimedia-0093037346.jpg)
Јапонија ја одбележува 10-годишнината од земјотресот и цунамито во кои загинаа 18.500 луѓе, предизвикаа нуклеарна катастрофа и го уништија североисточниот брег на земјата.
По повод 10-годишнината, во 14:46 часот по локално време, кога земјотрес со јачина од 9 степени ја погоди земјата на 11 март 2011 година, се одржа едноминутно молчење.
Царот Нарухито и премиерот Јошихиде Суга се придружија во едноминутното молчење, а граѓаните запалија свеќи и положија цвеќе.
Во земјотресот и цунамито загинаа 18.430 луѓе, но беа пронајдени телата на 15.897 жртви. Повеќе од 160.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Системите за ладење беа уништени во нуклеарната централа Фукушима на североисточниот брег на Јапонија, а протече и радиоактивен материјал. Се верува дека уште 3.700 луѓе починале поради тешките услови за евакуација и услови за живот кои се резултат на природната катастрофа и нуклеарната несреќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Путин оди во посета на Северна Кореја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/kim-putin.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин утре и задутре ќе ја посети Северна Кореја, објави Кремљ, а тоа е исклучително ретко патување кое го истакнува сè посилното партнерство на Москва со таа нуклеарна држава.
Во септември минатата година, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, за време на неговата посета на Далечниот исток на Русија, го покани рускиот претседател да ја посети неговата земја.
Путин не го посетил Пјонгјанг од јули 2000 година.
„На покана на претседавачот за државни работи на КНДР, Ким Џонг Ун, Владимир Путин ќе престојува во пријателска државна посета на Демократска Народна Република Кореја од 18 до 19 јуни“, се вели во соопштението на Кремљ, во кое се додава дека, по Северен Кореја, Путин на 19 и 20 јуни ќе го посети Виетнам.
Свет
(Видео) Пустинскиот ѓавол ја погоди Флорида
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/pustinski-gavol.jpg)
Над југозападна Флорида се формира помал пустински ѓавол. Овој виор од прашина, кој личи на торнадо, помина над индустриската зона, но не предизвика материјална штета.
Пустинскиот ѓавол е вид локален атмосферски вител.
Се формира главно во текот на попладневните часови, односно во најтоплиот дел од денот.
Impressive Southwest Florida dust devil today in Fort Myers. Check out both the size and rotation as it went through an industrial section along Hanson St. They form on sunny days from pockets of warm, rising air as the updraft starts to swirl. Credit: @WINKNews viewer Theodore S… pic.twitter.com/MmCedPbZiN
— Matt Devitt (@MattDevittWX) April 25, 2024
Најмногу се формира за време на сончеви денови со слаб ветер кога има интензивно загревање на подлогата, што доведува до загревање на воздухот до подлогата и потоа доаѓа до нагло издигнување на воздухот.
Тие се формираат над гола и сува почва или над земја со ниска вегетација бидејќи таквите типови на земјиште се загреваат побргу и значително повеќе. Ова е причината зошто виорите на прашина се формираат почесто и достигнуваат поголем интензитет во региони со сува и топла клима, како што се пустините, па оттука и името пустински ѓавол.
Во нив воздухот се крева од основата и се движи околу вертикалната оска – се врти. Овие виори обично се краткотрајни и не предизвикуваат голема штета. Нивниот дијаметар и висината може да бидат од речиси еден метар до неколку десетици метри. Тие вртат прашина, песок, лисја и полесни предмети. Понекогаш пустинските ѓаволи може да бидат поинтензивни и да направат помала штета.
Иако пустинскиот ѓавол визуелно личи на торнадо бидејќи има и виорно движење и видлива инка создадена од подигната прашина и песок, виорите се значително послаби по интензитет и пократко времетраење од торнадата, а нивното формирање не е поврзано со облаците, туку почнува од земјата при сончево време, а торнадата се спуштаат кон земјата од основата на облаците што предизвикуваат бура.
Европа
(Видео) Дрон сними ајкула во близина на плажа, капачите веднаш излегле од водата: паника во Шпанија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/ajkula-spanija.jpg)
Ново забележување ајкула доведе до затворање уште две плажи во Шпанија, а предатори се забележани кај брегот на Гран Канарија.
Спасувачите им наредиле на капачите да излезат од водата на плажата Меленара на источниот брег на островот, втор ден по ред, кога полициски дрон забележал ајкула на плажата набргу откога повторно била отворена вчераутро.
Забраната за пливање е проширена и на соседната плажа Салинетас, пишува „Дејли мејл“.
И околу два часа подоцна спасувачите подигнаа црвено знаме на трета локација – плажата Сан Аугустин на југот на островот – откога турист ја фотографира перката на ајкула која излегува од водата.
Веднаш не беше јасно дали големата риба е истата што ги исплаши капачите на плажата Меленара во саботата околу 17 часот и доведе до првото затворање на плажата.
Вчераутро накратко беше отворена за пливање пред второто затворање околу 13 часот кога дронови на локалната полиција забележаа ајкула во близина на пристаништето Талијарте до плажата Меленара.
Локалната полиција потврди по второто, многу појасно видување преку дронот, во истата област вчера околу 17 часот дека се работи за ајкула чекан, истиот вид што предизвика паника во саботата кога се појави во близина на брегот.
Тие можат да бидат долги и до шест метри.