Европа
Виенски весник критикува: „Урсула само кима со главата“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, избегнува каков било конфликт, а со тоа ја ослабува својата позиција и ја става во опасност ЕУ, оценува виенскиот весник „Пресе“.
Весникот во текстот со критичен тон наведува дека Фон дер Лаен на почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот дејствувала како таа да не постои.
„Кога во италијанските болници веќе владееше ужас, таа на почетокот на март одржа прес-конференција фалејќи се за првите 100 дена на функцијата“, се нагласува во анализата на „Пресе“.
Весникот особено ја критикува претседателката на ЕК за избегнување конфликт во односот кон Унгарија и Полска, кои, како што пишува авторот, сè повеќе се движат кон авторитаризам.
„Комбинацијата од гледање настрана, кимање со главата и полирање на фасадата ја ослабува не само личната позиција туку и претседателската функција, а на крајот и целата ЕУ“, констатира „Пресе“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Франција издаде налог за апсење на Башар ал-Асад
Француското правосудство вчера издаде налог за апсење на соборениот сириски лидер Башар ал-Асад под сомнение дека учествувал во воени злосторства, особено во врска со смртта на маж со француско-сириско потекло во 2017 година. Истражните судии го сомничат Асад за соучесништво во убиства и напади врз цивили.
Весникот „Ле Паризиен“ објави дека 59-годишен маж бил убиен кога неговата куќа, во јужниот сириски град Дара, била бомбардирана од хеликоптери на сириската армија во јуни 2017 година. Повикувајќи се на истражители, весникот наведува дека француското правосудство се сомнева дека Асад го наредил нападот и ги обезбедил потребните средства за него. Во тоа време владата на Асад се обидуваше да ја преземе контролата врз Дара од опозициските сили.
Во 2023 година француското правосудство издаде налог за апсење на Ал-Асад во врска со напади со хемиско оружје. Ова особено се однесува за тешките хемиски напади во регионот Источна Гута во близина на Дамаск во август 2013 година. Во нападот со нервен гас сарин загинаа стотици луѓе. Организациите за човекови права известуваат за повеќе од 1.000 смртни случаи.
Европа
Семејството се спаси, но не и 17-годишната девојка: заедно бегале од пожарот во турскиот хотел, а потоа таа исчезнала
Најмалку 76 лица загинаа во страотниот пожар што избувна во хотел во Турција среде ноќ, меѓу кои и една тинејџерка (17), чие цело семејство избега.
Стоматологот Мачит Каратасли и неговото семејство биле на одмор во хотел во ски-центар кога избувнал пожарот. Семејството кое беше зафатено во пожар додека спиеше, како и повеќето гости, среде голема паника успеало да побегне од хотелот. Меѓутоа, неговата ќерка Озум (17) не преживеала.
Според медиумите, семејството почнало да бега од пожарот, но во еден момент Озум истрчала во друга насока и исчезнала.
Семејството почнало да ја бара веднаш по несреќата, но за жал дошло до трагично откритие. Нивната ќерка не можела да го напушти хотелот и загинала во пожарот.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја синоќа изјави дека бројот на загинати во хотелот во ски-центарот Карталкаја се искачи на 76, а во врска со пожарот досега се приведени девет лица.
Пожарот што вчера рано наутро избувна на последните катови на хотелот „Гранд Картал“ од засега непозната причина траеше десетина часа, а во гаснењето учествуваа и пожарникари од околните градови, јавува Анадолија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека среда, 22 јануари, е прогласен за ден на национална жалост за жртвите од пожарот.
Европа
12-годишно момче избодено до смрт во Британија, уапсен 14-годишник
Момче (12) починало откако било избодено со нож во Бирмингем, а 14-годишник е уапсен под сомнение за убиство, јавува „Скај Њуз“.
Британската полиција побара од јавноста какви било информации поврзани со смртта на 12-годишното момче, кое беше пронајдено со тешки повреди вчера околу 15 часот во близина на Скриберс Лејн во југоисточниот град Хол Грин.
Момчето било пренесено во болница, но починало од повредите. Семејството на жртвата е известено и е поддржано од специјалисти, велат од полицијата. Истрагата е во тек, а полицијата отвори портал на кој граѓаните доколку знаат нешто можат да ги контактираат.