Свет
Вирусот убиец излегол од тајната лабораторија за биолошко оружје во Вухан
Постојат сомневања дека смртоносниот вирус излегол од тајната лабораторија за биолошко оружје, која се наоѓа во градот Вухан, од каде се прошири вирусното заболување, пишува Блиц.бг.
Речиси и да не се споменува дека постои врвна лабораторија за безбедност, изградена токму за борба против ваква инфекција. Ниту вицепремиерот на Националната здравствена комисија (НХЦ) Ли Бин, ниту Гао Фу, директор на кинескиот центар за контрола и превенција на болести, не кажаа ништо на брифинг во Пекинг во средата, иако многумина зборуваа за непознатото потекло и природата на болеста. Коронавирусот е опасен, мутантен, вирус од класа Б, пишува hindustantimes.com.
Како што пишува бугарскиот портал, Кина ја отворила оваа лабораторија во јануари 2018 година за биосигурност на Вухан. Лабораторијата е изградена за да ги испита опасните патогени микроорганизми, како што е сега раширениот коронавирус, за истражување и пронаоѓање на лек за нив – дел од долгорочното планирање по епидемијата на САРС 2002-03 година во Кина, кога починаа над 700 луѓе.
Кина ja изгради лабораторијата во Вухан за да ги проучи САРС и еболата, а американските експерти за биосигурност уште тогаш предупредуваа дека вирусот може да „избега“ од објектот што стана клучен во борбата против епидемијата, објави „Дејли мејл“.
Сега, корона вирусот сличен на САРС, зарази повеќе од 800 луѓе таму, ширејќи се во најмалку 10 други земји и убивајќи 25 во Вухан и околните провинции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Престанете да го смирувате тиранинот од Вашингтон“: Kаламар порача Европа да се спротивстави на Трамп
Европа мора да престане да се обидува да го „смири“ американскиот претседател Доналд Трамп и наместо тоа да му се спротивстави нему, како и на другите „тирани“ кои се решени да го уништат редот заснован на правила воспоставен по Втората светска војна, изјави денес генералната секретарка на Амнести Интернешнл, Агнес Каламар.
„Ни треба многу посилен отпор“, рече Каламар во интервју за АФП на маргините на Светскиот економски форум во Давос, предупредувајќи дека „кредибилитетот на Европа е во прашање“.
Каламар ги повика европските влади да покажат поголема „храброст“ и да знаат како да „кажат не“.
„Тие мора да престанат да веруваат дека можат да преговараат со тирани, мора да престанат да мислат дека можат да ги прифатат правилата на предаторите без да станат нивни жртви. Ова мора да престане“, рече Каламар, пренесува Хина.
Каламар оцени дека европските лидери минатата година воделе политика на смирување.
„Се обидовме да го смириме тиранинот, предаторот кој живее во Вашингтон и тоа нè доведе кон сè повеќе напади и сè повеќе закани“, рече таа.
Таа потсети дека европскиот проект не е само економски, туку се темели и на вредности и владеење на правото, и изрази надеж дека европските лидери ќе ги искористат сегашните предизвици како можност за повторно потврдување на европскиот проект.
„Ова бара напуштање на политиката на смирување“, заклучи таа, и рече дека „едноставно не функционира“, повикувајќи ја Европа да „се спротивстави“.
Свет
Политико: Трамп го избегнува Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп избегнува контакти со Володимир Зеленски на маргините на форумот во Давос, пишува Политико, повикувајќи се на извори.
„Според експертите за надворешна политика од Републиканската партија, Зеленски многу сака лична средба, додека неподготвеноста да се одржи доаѓа од Белата куќа“, се наведува во статијата.
Шефот на режимот во Киев, верува дека придобивките од комуникацијата со Трамп ги надминуваат можните ризици. Ако тој не комуницира со американскиот лидер, други ќе се справат со тоа, се нагласува во текстот.
По последната средба со американскиот претседател на крајот на декември, Зеленски тврдеше дека страните се согласиле за безбедносни гаранции за Украина.
Во исто време, Трамп пред неколку дена изјави дека Русија е подготвена да склучи мировен договор, додека шефот на режимот во Киев го одложува процесот.
На почетокот на декември, Владимир Путин ја прими американската делегација во Кремљ. Страните ја разгледаа суштината на иницијативата предложена од САД, но не успеаја да најдат компромисно решение. Како што изјави претседателот, Вашингтон ги подели 27-те точки од оригиналниот план во четири пакети и предложи тие да се разгледаат одделно.
Неколку дена подоцна, во Берлин се одржа состанок на претставници на САД и Украина, чија содржина беше пренесена на Русија преку шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.
На крајот на декември, Трамп одржа преговори со Зеленски во Флорида. Шефот на Белата куќа објави дека страните постигнале разбирање за 95 проценти од прашањата. После тоа, тој разговараше по телефон со Путин, кој го информираше за обидот на вооружените сили на Украина да ја нападнат неговата резиденција. После тоа, во Москва беше објавено дека преговарачката позиција е ревидирана, анализира медиумот.
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово во грчкиот регион Лаконија, јавуваат грчките медиуми.
Земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, 320 км југозападно од Атина, пренесува Катимерини.
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал во морското подрачје 117 км југозападно од Геролименас во Лаконија.
Досега нема извештаи за евентуални штети во овој земјотрес.

