Свет
Вкупно 339.000 луѓе заразени, 14.700 починати и 99.014 излекувани од коронавирус во светот
Во 192 земји и територии низ целиот свет, од вкупно 195, досега се заразени вкупно 339.234 лица со коронaвирус, а починале 14.703 лица, според најновите податоци на сајтот „Ворлдметер“.
Досега закрепнале 99.014 лица, претежно во Кина, каде што биле излечени 81.093 лица.
Италија сè уште е во фокусот на епидемијата во Европа, а сè повеќе заболени има и во Шпанија.
Вкупниот број заразени во Италија е 59.138, а 5.476 починале.
Во Шпанија биле заразени 28.768 лица, а 1.772 починале.
Меѓу првите пет држави на списокот во „Ворлдметер“ се и Соединетите Држави, каде што се потврдени 34.953 случаи и 457 смртни случаи, како и Германија, со 24.873 заразени и 94 починати.
Што се однесува до земјите од регионот, по тројца починати има во Романија и Бугарија, во Србија, Албанија и Словенија има по две жртви,а во Северна Македонија, БиХ и Црна Гора, по еден починат.
Најмногу заразени се регистрирани во Романија, 433, по нив следат Словенија со 414 заболени, Србија со 222 случаи, Бугарија со 187, БиХ со 126, Северна Македонија со 115, Албанија со 89 и Црна Гора со 22 случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.