Свет
Водечки луѓе на Пентагон поднесоа оставки кога Трамп го смени министерот за одбрана
Министерството за одбрана на САД објави дека тројца највисоки функционери поднеле оставки во исклучително необичен групен егзодус еден ден откако претседателот Доналд Трамп го разреши министерот за одбрана.
Оставки дадоа Џејмс Андерсон, одговорен за креирање политика на Пентагон, Џозеф Кернан, потсекретар во Министерството за одбрана и разузнавање, и Џен Стјуарт, шеф на канцеларијата на секретарот за одбрана.
Меѓу замените е и Ентони Тата, пензиониран бригаден генерал и конзервативец, кој дава потпалувачки коментари за исламот и за поранешниот претседател Барак Обама.
Тато ќе го преземе креирањето на политиките во Пентагон, а Каш Пател, поранешен соработник на пратеникот во редовите на Трамп, Девин Нунес, ќе ја преземе функцијата шеф на канцеларијата.
Измените се случија само неколку дена откако Трамп ги загуби претседателските избори, иако тој сè уште тврди дека победил.
Отпуштањето на Еспер не беше сосема неочекувано бидејќи Трамп има навика да ги отпушта официјалните лица што не се согласуваат со него, па затоа неговиот однос со Еспер беше затегнат уште од летото.
Еспер јавно се огради од Трамп во врска со неговите идеи за задушување протести против расизмот и полициското насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешен советник на Пентагон: Време е Зеленски да избега во Израел
Пензионираниот полковник на американската армија и поранешен советник на шефот на Пентагон, Даглас Мекгрегор, изјави дека дојде време украинскиот претседател Володимир Зеленски да „бега во Израел“, бидејќи, како што тврди, повеќе нема никаква политичка или безбедносна иднина. Коментарот беше објавен на платформата Икс.
„Време е Зеленски да ги запали моторите на својот личен авион и да одлета за Израел. Тој стана непотребен и нема иднина“, рече Мекгрегор.
Тој, исто така, оцени дека неодамнешната средба на Зеленски со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц била „бескорисна“, бидејќи украинскиот лидер, според него, не добил ништо освен „бесмислени гаранции“.
На 8 декември, Зеленски се сретна со тројцата европски лидери во Лондон, каде што, меѓу другото, разговараа за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина. Според соопштението од Елисејската палата, разговорите ќе продолжат, а европските земји имаат намера да му обезбедат на Киев „сигурни безбедносни гаранции“ и да учествуваат во планирањето на обновата на земјата.
Фото: депозитфотос
Свет
Захарова: Нема ништо лошо во трговијата, но Зеленски се занимава со крваво пазарење
Нема ништо лошо во трговијата, сè додека не се занимавате со некакво крваво пазарење, што го прави Владимир Зеленски, изјави претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Нема ништо лошо во трговијата, кога не станува збор за трговија на луѓе кои ви верувале и кои ве избрале да донесете мир во земјата, како што ветивте.
Но, кога станува збор за трговија со верата, довербата на луѓето, па дури и нивните животи – што вклучува трговија со органи, трговија со украински деца, труење на честа, совеста и иднината на Украина – тогаш тоа добива сосема друго значење“, рече Захарова, коментирајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Спутник.
„Навистина, она што го прави Зеленски е крвава трговија“, оцени Захарова. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го нарече Зеленски трговец, и тоа не за прв пат, потсетуваат медиумите.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) „Спејс Икс“ лансираше ракета со тајна мисија за американската војска
Ракета „Фалкон 9“ на „Спејс Екс“ што носи доверлив товар за Националната извидувачка канцеларија на САД (НРО) беше лансирана вчера од лансирната рампа 40 на вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида. Тоа беше уште една класифицирана мисија за националната безбедност на САД.
„Фалкон 9“ полета во 14:16 часот по источноамериканско време, пробивајќи се низ облачното небо над вселенската станица Кејп Канаверал. Мисијата е означена како НРОЛ-77, а товарот е, како и обично со НРО, обвиен во тајност.
Liftoff! pic.twitter.com/4iQmX6dSF8
— SpaceX (@SpaceX) December 9, 2025
Националната извидувачка канцеларија, која работи во рамките на Министерството за одбрана на САД, е одговорна за управување со американската флота шпионски сателити. Во официјалната изјава на НРО само се наведува дека мисијата „носи товар за национална безбедност дизајниран, изграден и управуван од НРО“, без да се дадат дополнителни технички или оперативни детали.
Falcon 9’s first stage lands on LZ-2 pic.twitter.com/63yup6zvUT
— SpaceX (@SpaceX) December 9, 2025
Ова беше седмиот лет на „Фалкон 9“ во 2025 година, со ознака „NROL-“. Порано оваа година беа лансирани мисиите NROL-153, NROL-57, NROL-69, NROL-192, NROL-145 и NROL-48, кои траеја од јануари до септември.
Првата фаза на „Фалкон 9“ успешно се врати на Кејп Канаверал, дополнително демонстрирајќи ја посветеноста на „Спејс Екс“ за повторна употреба на ракетните системи, дури и на сложени и чувствителни мисии за американската воена и разузнавачка заедница.
фото: unsplash

