Свет
Воениот совет на Судан вели дека спречиле државен удар
Властите во Судан доцна во четвртокот објавија дека во земјата бил спречен обид за државен удар, соопшти „Скај њуз Арабија“, цитирајќи ја изјавата на Комитетот за одбрана и безбедност при Транзицискиот воен совет.
Според изјавата, во обидот за државен удар биле вклучени 12 воени полицајци кои сега се притворени.
„Службата за безбедност почна со испрашување, а веднаш потоа ќе бидат пренесени на суд”, рече шефот на комисијата, генерал-полковник Џамал Омар.
Тој додаде дека трансферот на власта може да се постигне само со избпри, а не со воени средства. Пред еден месец, Транзицискиот воен совет соопшти дека спречил два обида за државен удар.
На 11 април суданската армија го собори тогашниот претседател Омар ал Башир, кој ја водеше земјата 30 години, од функцијата поради протестите што со месеци ја блокираа земјата и тешката економската ситуација во Судан.
Армијата ја презеде власта преку формирање на Транзицискиот воен совет, распуштање на Парламентот и суспендирање на Уставот. Опозициските сили повикаа што е можно поскоро да се формира цивилна влада и да почнат против воениот совет. Страните се обидуваа да дојдат до заемно прифатлива одлука два месеца, но не постигнаа договор.
На 3 јуни полициските тактички единици на суданската полиција и полицијата ги растераа демонстрантите од плоштадот спроти главниот штаб на вооружените сили во Картум. Како резултат на тоа, десет лица загинаа, а тензиите се влошија. По овие настани, опозицијата одби да продолжи со разговорите со армијата и објави дека сите контакти со војската се прекинати.
На 5 јули суданскиот Транзициски воен совет и опозициските сили се согласија да формираат преодна група составена од воени и цивилни членови.
Новиот совет ќе работи најмалку три години додека не се одржат парламентарни избори. Партиите, исто така, се согласија да формираат независна влада и да почнат истрага за насилствата што се случија во изминатите недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ако Зеленски е навистина подготвен за средба, го каниме во Москва, ќе ја гарантираме неговата безбедност, рече помошникот на Кремљ
Кремљ соопшти дека е подготвен за директна средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.
Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија никогаш не одбивала вакви контакти и дека е подготвена да му гарантира безбедност на Зеленски доколку дојде во Русија.
„Доколку Зеленски е навистина подготвен за средба, тогаш го каниме во Москва. Ќе ја гарантираме неговата безбедност и потребните услови за работа“, рече Ушаков во интервју.
Изјавата доаѓа во време на нови дипломатски напори за завршување на војната, пренесе „Киев Индипендент“.
Претходно, заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека Зеленски е подготвен за средба со Путин за да разговараат за две клучни теми: територијалното решение и иднината на нуклеарната централа Запорожје, која е под руска окупација.
Размената на пораки се случува во момент кога Украина, Русија и САД повторно се дипломатски активни, во контекст на напорите на Доналд Трамп за завршување на војната. Се очекува следната рунда преговори да се одржи на 1 февруари.
Зеленски и Путин последен пат лично се сретнаа во Париз во декември 2019 година, во рамки на Нормандискиот формат. Од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, немале директни разговори.
Свет
Напнатост меѓу Киев и Будимпешта по изјавите за мешање во изборите
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало Антал Хајзер, унгарскиот амбасадор во Киев, на разговор поради недамнешните изјави на високи унгарски политичари, меѓу кои и премиерот Виктор Орбан, за наводно украинско мешање во претстојните парламентарни избори во Унгарија.
Министерството упатило протест до унгарскиот амбасадор, негирајќи дека Украина се меша во унгарските избори. Притоа нагласило дека Киев решително се спротивставува на „секој обид на унгарската страна да ја вовлече Украина во унгарската изборна кампања“, оценувајќи дека таквите постапки му штетат на развојот на билатералните односи.
Украинското Министерство за надворешни работи ја повикало Унгарија „да престане со својата агресивна реторика против Украина“ со цел да се избегнат понатамошни негативни последици за билатералните односи. Воедно било наведено дека Украина и понатаму е подготвена за конструктивна соработка со Унгарија.
Во соопштението се повторени и повиците до Будимпешта да престане да ги блокира преговорите за пристапување на Украина во Европска унија, со образложение дека членството на Украина би било во интерес и на двата народа, како и на унгарското малцинство во Украина.
Свет
(Видео) Мелони од хеликоптер го обиколи Нишеми, градот на Сицилија што го голта свлечиште
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, денес го посети сицилијанскиот град Нишеми, каде што по големо свлечиште десетици куќи се наоѓаат на работ од провалија, јави Анадолу.
Поради постепеното уривање на ридот, повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани. Свлечиштето започнало во неделата навечер и продолжило да се шири и во понеделникот.
Шефот на цивилната заштита, Фабио Чичилијано, изјави дека куќите на работ од свлечиштето се ненаселиви и дека жителите ќе бидат преселени.
Мелони го прелетала погоденото подрачје со хеликоптер, по што се сретнала со локалните власти за проценка на состојбата.
Италијанската влада прогласи вонредна состојба за Сицилија, Сардинија и Калабрија, региони тешко погодени од силни бури. За итни потреби се издвоени околу 100 милиони евра, додека локалните власти ја проценуваат штетата на повеќе од две милијарди евра.

