Свет
Воен блогер: Војската и функционерите на Путин ги кријат лошите вести пред него, тие се во страв
Воениот блогер Сергеј Кољасников на „Телеграм“ напиша дека руската бирократија и Министерството за одбрана намерно кријат лоши вести од бојното поле од претседателот.
Тинк-тенк Институтот за проучување на војната (ISW) објави дека најавата на Кољасников се однесува на пропагандната операција во која руски официјални лица се обиделе да прикријат дека самоубиствените беспилотни летала уништиле неколку руски тенкови „Т-72“ и други борбени возила во близина на Новомикаиливка во Донецката област минатата недела, пренесува „Њуз вик“.
Кољасников напиша дека во 2004 година била основана Граѓанската комора на Русија, чија задача била правилно да го информира претседателот, дури и за лошите вести. Сепак, според написите, Комората не ја завршила својата работа на задоволително ниво, па Путин во 2011 година го основал Фронтот на серускиот народ. Меѓутоа, и нејзините членови почнале да ја кријат вистината.
Кољасников пишува дека регионалните функционери често ги кријат своите неуспеси од Путин и дека армијата намерно испраќа генерали што редовно комуницираат со претседателот во Сирија. Официјалните лица тесно соработуваат со локалните медиуми за да спречат пласирање негативни информации во јавноста. Тоа е дел од руската култура, каде што сакаат да ја оневозможат критиката и да зборуваат само за добри вести.
Кољасников смета дека по претседателските избори во март, на кои Путин сигурно ќе победи, ќе почнат апсењата на воените блогери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Веруваме дека извештаите за смртта на Хамнеи се точни
Доналд Трамп, одговарајќи на прашања од новинарите, наговести дека извештаите за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој наводно е убиен во американско-израелски напади, се точни, пишува американската мрежа NBC News.
Кога беше прашан дали добил потврда за овие извештаи и дали верува дека Хамнеи е мртов, Трамп одговори: „Не сакам да коментирам за тоа, но има гласини и разговори дека е убиен“.
Кога беше прашан за неговата реакција на наводната смрт, американскиот претседател рече: „Тој уби многу луѓе. Многу, многу луѓе. Уништи многу животи. Уништи многу семејства и уништи една земја“.
Кога беше прашан како и кога ќе добие потврда за смртта, Трамп објасни: „Па, разговарав со многу луѓе, и не само со нив, и сигурни сме… веруваме дека таа приказна е точна“.
Свет
(Видео) Експлозии и тревога за воздушен напад во Доха, Дубаи и Тел Авив
Експлозии и сирени за воздушен напад се слушаат во Доха, Дубаи и Тел Авив, известуваат екипите на CNN на терен во Катар, Обединетите Арапски Емирати и Израел. Репортерите и продуцентите од нивните канцеларии пријавија вознемирувачки звуци и глетки.
BREAKING: Iranian missile strikes Tel Aviv. pic.twitter.com/HOb79eGI8D
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Репортерите во Дубаи пријавија дека слушнале „неколку гласни експлозии“.
Aftermath of the Iranian missile attack that hit Tel Aviv. pic.twitter.com/mzlqjbSDWO
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Во меѓувреме, персоналот на CNN во Доха виде ракети како го осветлуваат ноќното небо. Тие исто така споделија видео на кое јасно се гледаат далечните детонации.
Interceptors launched from U.S. and Qatari Patriot missile batteries defending Al Udeid Air Base as Iran fired another wave of ballistic missiles at Qatar. pic.twitter.com/O2VdaUWNj3
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Свет
Трамп: Голем дел од иранското раководство „исчезна“ во американските напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „голем дел“ од иранското раководство „исчезна“ во американските напади и дека земјата е „многу оштетена“.
Во телефонско интервју за ABC News, Трамп рече: „Не знаеме сè, но знаеме дека многу од нив се исчезнати“. Тој додаде дека Соединетите Држави имаат „многу добра претстава“ за тоа кои ќе бидат новите лидери на Иран.
Во посебно интервју за NBC, кога беше прашан кој би можел да го наследи врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, Трамп одговори: „Не знам, но во еден момент ќе ме повикаат и ќе ме прашаат кого сакам“.
Сепак, тој веднаш појасни дека изјавата е саркастична. „Само сум малку саркастичен кога го кажувам тоа“, додаде тој.

