Свет
(Видео) Возач се заби во пешаци во центарот на Манхајм, Германија

Возач на автомобил удри во пешаци во германскиот град Манхајм, а полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат центарот на градот.
Инцидентот се случил во центарот на Манхајм, во близина на Васертурм. Според локалните медиуми, се работи за црн теренец, кој со голема брзина удрил во пешаците.
Augenzeugen berichten mir, dass jemand mit dem Auto in der Fußgängerzone von #mannheim in die Menschenmenge gefahren ist. Angeblich soll es Verletze geben pic.twitter.com/j8JmAE9Bnd
— Bamdad Esmaili (@besmaili) March 3, 2025
Како што пренесува „Манхајм 24“, има неколку тешко повредени лица, а на терен се и голем број итни служби.
Според информациите на „Манхајмер морген“, најмалку едно лице загинало.
Според германски „Билд“, возачот на автомобилот е уапсен. Сите патишта и мостови кои водат надвор од градот се под контрола на полицијата.
Покрај тоа, хеликоптер лета над Манхајм, пишува „Билд“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп не сака Зеленски да поднесе оставка по нивната напната средба, вели американскиот секретар за трговија

Хауард Лутник денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не сака украинскиот претседател Володимир Зеленски да поднесе оставка по тензичната средба во Овалната соба во петокот.
На прашањето од новинар на Си-Ен-Ен дали Трамп сака Зеленски да поднесе оставка, Лутник брзо одговори негативно.
„Не, тој не е вклучен во украинската политика. Она што тој сака да го направи е да биде миротворец“, рече Лутник.
Свет
(Видео) Во Барселона се судрија два автобуса, повредено 51 лице

51 лице е повредено во судир на два автобуси во Барселона. Од нив четири лица се во критична состојба, а уште три се здобиле со тешки телесни повреди.
Еден од автобусите доаѓал од Лорет де Мар и превезувал италијански студенти кои биле во посета на главниот град на Каталонија, додека другиот автобус превезувал патници од брод за крстарење. Несреќата се случила нешто по 15:00 часот.
На местото на настанот веднаш била испратена итна помош. Службите за итни случаи прегледале вкупно 63 лица.
Се претпоставува дека до несреќата дошло кога еден автобус удрил во друг одзади, недалеку од познатата Саграда Фамилија. „Мирор“ пишува дека од силината на ударот автобусот кој превезувал патници од бродот за крстарење удрил во дрво и во столб.
Més imatges de l’accident de trànsit on està treballant Bombers de Barcelona pic.twitter.com/7uO8GceGOs
— Bombers080 (@bombers080) March 3, 2025
Autocares Julia, компанија која управува со автобусот што превезува патници на крстаречки брод, потврди дека автобусот првенствено бил составен од британски, германски и италијански државјани. „Тие беа на брод за крстарење што пристигна во Барселона порано денеска и требаше да замине во следните неколку часа“, се вели во соопштението.
На фотографиите од местото на настанот се гледаат два автобуса опкружени со амбулантни возила, полиција и противпожарни возила.
Свет
Маск: Американскиот систем за социјално осигурување е најголемата пирамидална шема на сите времиња

Елон Маск го нарече американскиот систем за социјално осигурување најголемата пирамидална шема на сите времиња за време на неодамнешното интервју со подкастерот Џо Роган.
Маск истовремено спроведува масовни отпуштања во федералната администрација и блокира плаќања во неколку државни агенции.
„Луѓето плаќаат во системот за социјално осигурување и тие пари излегуваат од системот веднаш, но обврските кон корисниците траат во текот на нивното пензионирање“, рече Маск.
„Ако ги погледнете идните обврски на системот за социјално осигурување, тие далеку ги надминуваат даночните приходи“, продолжи Маск.
Патем, пирамидалната шема е финансиска шема во која учесниците заработуваат пари првенствено со регрутирање нови членови, наместо со продажба на производи или услуги. Оваа структура е неодржлива бидејќи бара постојан прилив на нови учесници, што на крајот доведува до колапс и загуби за повеќето учесници, освен за оние на врвот на пирамидата.
Многу социјални системи ширум светот функционираат така што сегашните работници ги финансираат пензиите на сегашните пензионери, вклучувајќи го и американскиот систем за социјално осигурување.