Свет
Вознемирувачки фотографии на ловци што позираат со мртви ирваси и елени пред Божик предизвикаа гнев во јавноста
Богатите ловци трошат големи количини пари за лов и убивање елени и ирваси во дивините на Норвешка.
Некои од контроверзните излети ги организираат „Хендри, Рамзи и Вотерс“, кои себеси се опишуваат како спортска агенција од Шкотска.
Тие организираат лов на ирваси и елени меѓу август и септември во норвешките национални паркови.
Вознемирувачките фотографии објавени на интернет покажуваат ловци што позираат со крвави животни држејќи ги за роговите.
Posted by Hendry, Ramsay & Waters on Вторник, 04 септември 2018
Фотографиите предизвикаа гнев кај јавноста.
„Тешко дека убивањето ирваси е во божикен дух. Нема оправдување за убивање животни за забава во кое било време од годината, особено за убивање на ирвасот на Дедо Мраз пред празниците. Кога ќе научиме дека животните не се стока и дека треба да им го дадеме дарот на животот наместо да ги убиваме непотребно?“, праша Ник Вестон од Лигата против суровите спортови.
Posted by Hendry, Ramsay & Waters on Четврток, 13 јуни 2019
На веб-страницата на агенцијата се наведува дека ловат лос и ирваси, но дека во некои делови од сезоната е можно да ловат елени, срни, елени, мечки и волци.
Агенцијата го опишува ловот во норвешката дивина како икуство што остава без здив, особено за оние што не се навикнати да одат по снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

