Контакт

Европа

(Вознемирувачко видео) Би-си-си објави докази за воени злосторства кај Киев

Објавено пред

Би-би-си објави репортажа на својот воен дописник Џереми Боуен со наслов „Морничави докази укажуваат на воени злосторства на пат во близина на Киев“.

dobivaj vesti na viber

Боуен направил обиколка на дел од автопатот во близина на Киев откога украинските сили ја потиснале руската армија од областа.

Изброивме 13 тела на дел од патот не подолг од 200 метри меѓу села недалеку од Киев, тврди новинарот на Би-би-си. Потврдено е дека две тела се украински цивили убиени од руски војници. Другите и натаму не биле идентификувани и лежеле на местата каде што биле убиени. Двајца убиени носеле препознатливи униформи на украинската армија.

Новинарскиот тим на Би-би-си наводно пристигнал на дел од автопатот Е-40 само 10 часа откако областа била ослободена од украинската армија. Знаци на борби и гранатирање имало насекаде. Патот бил полн со кратери од гранатирање.

Украинските војници што менувале гуми во остатоците од уништена гаража покрај патот за новинарот на Би-би-си изјавиле дека руските сили се оддалечени речиси четири километри и ги повлекле преостанатите војници и оклопни возила по тешка битка што траела неколку дена и завршила во раните утрински часови.

Она што го оставиле зад себе биле мртви тела на и покрај патот и низа прашања за тоа кој е убиен и како се убиени овие лица.

За некои тела има одговори. Наводно, Русите на 7 март убиле неколку цивили во автомобил и ги оставиле да се распаднат во него. Уништениот автомобил и натаму е на патот во близина на бензинска пумпа, која со гранатирање била претворена во урнатини. До автомобилот имало изгорени остатоци од тело што едвај можело да се препознае дека е маж.

Во остатоците од автомобилот имало изгорено тело на жена.

Нејзината уста била отворена како да вреска, според репортерот на Би-би-си. Нивната смрт била снимена на 7 март со дрон на украинските сили. Украинците објавија видео, кое беше пренесено до светските медиуми. На снимката се гледа ладнокрвното убиство на маж што излегол од автомобилот со кренати раце – јасен гест на предавање.

Телата, како што беше откриено претходно овој месец, им припаѓаат на Максим Јовенко и на неговата сопруга Ксена. Тие биле дел од конвојот од 10 цивилни возила што се обиделе да побегнат од Русите и да стигнат до Киев.

Додека возеле по патот, забележале руски тенк. На видеото се гледа дека е јасно означен со симболот V, еден од знаците што ги користат руските сили. Другите автомобили бргу се свртеле и побегнале, но автомобилот на Максим застанал, веројатно затоа што бил погоден.

Штом автомобилот застанал, Максим излегол и ги кренал рацете во воздух. Веднаш бил застрелан, а потоа и неговата сопруга, која била во автомобилот. Во возилото биле и нивниот шестгодишен син и постара жена, мајка на еден од пријателите на Максим. Тие преживеале, а руските сили на крајот ги ослободиле.

Биле пронајдени како одат по патот. Жената рекла дека Максим им викал на Русите дека во автомобилот има дете во моментот кога Русите го убиле. Преживеаните сега се безбедни, но длабоко трауматизирани, изјави тимот што управувал со украинскиот дрон што го снимил убиството.

Автомобилот сега е целосно изгорен иако по нападот не бил запален. Според една хипотеза, Русите отпосле го запалиле возилото за да ги прикријат доказите за воени злосторства.

На истиот дел од патот има повеќе изгорени автомобили и мртви тела. Засега не е познато што се случило со нив, но веродостојна хипотеза е дека тие биле убиени од екипаж на руски тенк или други руски војници, се наведува во извештајот на Би-би-си.

Новинарот на овој медиумски сервис вели дека забележал обиди за криење тела или уништиување докази.

Европа

(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар

Објавено пред

Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.

dobivaj vesti na viber

Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.

Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал

Објавено пред

Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.

dobivaj vesti na viber

Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.

Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Објавено пред

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.

dobivaj vesti na viber

„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.

Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.

Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.

Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија4 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија5 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија7 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија7 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија7 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија8 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија9 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија9 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија9 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија9 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет13 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет13 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет14 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет14 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа14 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет14 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет20 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет20 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет21 час

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...